Оваа торта ја направив вчера, многу ја бендисав, а моите беа воодушевени од вкусот. Имам дилема околу тоа како да ја наречам, бидејќи доминира портокалот во неа. Воопшто не е тешка за правење, малку повеќе време одзема ама вреди сиот труд. Јас сум Елена, а како предлог добив да ја крстам „Фантазија Елена“.
Други ми предложија „Палачинка торта со вкус на портокал“, убава идеја за рецептов, а една читателка која ја пробала рече: Јас го ставам филот на славскиот колач, но со чоколада и без портокал е убав, вреди да се проба, не е тешка постапката.
А имаше и такви исцрпни идеи како „ПОРТОКОЛИАДА“, кога ви велам дека сите ја бендисаа, ова слатко задоволство се јаде со уживање, а на крај се одлучив за конечното име: „Имаше доста интересни предлози за име на тортата, но најмногу од нив беа поврзани со моето име…
…така што, си го доби своето име, „Еленина Торта“. Исто така, сакам да посочам дека оваа торта потсетува на Васината. Не знам дали портокалот го обожавам поради Васината или Васината торта поради портокалот, макар што таа торта, пената се прави од белки и си го прави своето… Да не должам, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАЛАЧИНКИ: 200 мл млеко, 200 мл исцеден сок од портокали (5 портокали, зависи од големината и сочноста), 2 јајца, 2 лажици масло, 2 лажици шеќер, прстофат сол, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка густин/скроб/нишесте, рендана кора од портокали (чиј сок го цедиме, доволно е кора од 2 портокали), 200 г брашно.
ЗА ФИЛОТ: 150 мл 100% сок од портокали (цеден или од продавница), 100 г шеќер, 250 г мелени ореви, 2 лажици Нутела (може и чоколадо), 200 г путер, рендана кора од 2 портокали кои ги користев за цедење сок.
ПОСТАПКА: состојките за палачинки се соединуваат и сето ова се меша со жица, па се печат палачинки на вообичаен начин. Смесата е за 10 палачинки во тавче со средна величина. Мене ми излегоа 9 палачинки бидејќи тавчето ми е малку поголемо.
ЗА ФИЛОТ: сокот и шеќерот се зовриваат, се додаваат оревите, се вари неколку минути. Треба филот да згусне како пудинг при мешање, па се додава Нутелата, путерот и кората од портокал, се меша додека да се растопи путерот, па се трга од рингла и се остава да се олади.
Додека се лади филот ги правиме палачинките. Кога ќе ги испечете, над нив ставаме чинија со малку помала димензија, па околу ги сечеме, да ги избегнеме поиспечените краеви, а и за да бидат сите еднакви. Потоа ги премачкуваме со филот редејќи ги една врз друга, и на крај целата торта се премачкува.
Јатки како ореви, 1/2 грама ги прилепуваме за филот околу тортата. Одозгора ја премачкуваме со прелив од 2 полни лажици Нутела и 2 рамни лажици путер, наместо Нутела може и чоколадо 50 г и 40 г путер. Декорација по желба. Фото и рецепт на Елена Мишковска.