Од ова тесто можете да прaвите разни кифли, солени и слатки, лепчиња, пица, пити, погачи, леб…
Потребни состојки:
900 – 1000 г брашно, 500 мл вода, 30 г свеж квасец или 10 г сув квасец, 50 мл масло, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол
Постапка:
Издробете го со прсти квасецот во еден длабок сад, додадете една лажица шеќер и со малку млака вода измешајте го додека да добиете еднолична смеса.
Потоа додадете уште малку вода и 100 г од вкупното брашно, убаво промешајте и оставете да се активира околу 10-15 минути.
Потоа додадете масло и сол, па постепено додавајте го брашното. Замесете убаво мазно, еластично тесто, средно меко, кое не се лепи на раце.
Намастете го и покријте го тестото со проѕирна фолија или кеса (или само со кујнска крпа), па оставете го 40-50 минути на топло место, додека да го удвои својот волумен за 2-3 пати.
Потоа од ова тесто можете да приготвувате што ќе посакате, а остатокот да го чувате во фрижидер неколку дена. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.