Турски ДОНЕР ЌЕБАП и пита-леб комплет со бел сос за ова вкусно јадење…Кој пробал знае! Состојки и чекор по чекор инструкции за правење на рецептот. Ајде да започнеме прво со подготовка на јагнешкото месо за донерот:
Измешајте ги следниве состојки во еден подлабок сад:
мелено јагнешко месо (500 грама)
ситно сечкан/мелен кромид (100 грама)
рендан/мелен лук (10 грама)
две лажици цврст јогурт/к.павлака (30 грама)
сол по вкус и по една лажичка мајчина душица, оригано и црвен пипер и половина лажичка црн пипер
две лажици млеко (30 мл)
Измесете ги состојките со рака додека да се соединат во компактна смеса. Ставете ја смесата во процесор за храна и измешајте сè до мазна конзистентност (речиси како паштета).
Ставете го месото на хартија за печење и свиткајте го како векна-ролат. Ставете го месото во замрзнувач додека да се замрзне целосно.
Подготовка на тестото за леб
Во сад за месење измешајте по една третина од чаша топла вода и топло млеко (вкупно приближно 180 мл течност)
додајте една лажица сув квасец и една лажичка шеќер и оставете го квасецот да се активира 5 минути
Потоа додајте ги следните состојки:
три лажици цврст јогурт/к.павлака (45 грама)
три лажици растително масло (45 грама)
три чаши брашно сенаменско (600 грама)
една лажичка сол
Месете го тестото 10 минути. Конзистентноста на тестото треба да биде средно цврста. Покријте го тестото и оставете го да ферментира додека да нарасне 1 час или додека да се удвои во големина.
Поделете го на 11 парчиња и обликувајте топчиња. Редете ги врз набрашнета површина, наросете ги одозгора со малку со брашно, и покријте ги со крпа за да не се сушат. Земете едно топче и развлечете го со оклагија во кора со големина на плитка чинија.
Отстранете го вишокот брашно од тестото со протресување меѓу дланките. Вака подготвените теста за лепињи наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна 8 минути на температура од 450°f, 250°c. Извадете го лепињите од рерна и чувајте ги покриени.
Ајде да ја подготвиме салатата – Измешајте ги следниве состојки:
кромид исечен на полумесечинки (120 грама)
магдонос ситно сечкан (20 грама)
по една лажичка толчена сува пиперка и една четвртина од лажичка црн пипер и малку сол
Чувајте ја салатата во фрижидер за подоцна.
Ајде да го направиме вкусниот бел сос – во сад измешајте ги следните состојки:
половина чаша цврст јогурт/к.павлака
една четвртина чаша мајонез
една лажичка оцет
по една лажичка сушен магдонос и суво нане
сол и црн пипер
Чувајте го во фрижидер до подоцна.
Последни чекори
Откако месото е целосно замрзнато, извадете го од замрзнувачот и исечете го на тенки парчиња. Запржете го месото на тава на силен оган со малку растително масло.
Додајте по малку од сите подготвени состојки во сендвичот заедно со сечкани кисели краставички, домати и зелена салата, па уживајте во одличниот вкус!
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.