ТУРСКИ БУРЕК-гибаница СО СИРЕЊЕ ПО ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ… Многу брзо и лесно со готови кори, а вкусот е незаменлив…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори
3 јајца
200 г кисело млеко
300 г ситно сирење
1 лажичка сода бикарбона
За прелив измешајте:
4 јајца
250 мл млеко
И уште: 50 г путер
ПОСТАПКА:
1.Во киселото млеко додајте сода бикарбона и промешајте. потоа додајте ги претходно изматените јајца и соединете. На крај вмешајте го и ситното сирење.
2.Намастете тепсија 32 см и ставете една кора. Испрскајте со масло, па ставете втора кора. Испрскајте со масло, па ставете трета кора. Испрскајте со масло, па распоредете фил.
3.Продолжете ја постапката: ТРИ КОРИ, секоја испрскана со масло, па ФИЛ. Кога ќе завршите со редењето, исечете ја питата на коцки и залијте ја со мешавина од јајца и млеко, протресете за да навлезе во засеците.
4.Одозгора ставете парченца путер и ставете да се пече 40 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.