ТУРСКА БАНИЦА…Многу брза и лесна, секој може да ја направи, додека трепнеш е готова…Вкусот е неповторлив…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г кори за пита
250 г кравјо сирење
За прелив:
5 јајца
250 мл млеко
1 чаша кисело млеко (250 мл)
1/2 лажичка прашок за печиво / сода за леб
100 г растопен путер
ПОСТАПКА:
Целото пакување готови кори пресечете го на половина, па на ленти со дебелина од 1 см, а потоа лентите пресечете ги на половина (за да не се долги). Разделете ги една од друга, да не се слепени.
Сечените лентички поделете ги на два еднакви дела. Плех 25х35 см обложете го со хартија. Сипете ја првата половина сечени кори и распоредете ги да биде прекриено дното. Одозгора распоредете ситно сирење и покријте со втората половина од корите.
Во подлабок сад изматете ги сите потребни состојки за преливот и залијте ја баницата. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 22 минути или додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.