Црвената билка (Trifolium pretense) е билка чии лековити препарати можат значително да ги ублажат тегобите од менопаузата и тоа особено кај наглото губење на коскена маса – остеопорозата, под услов терапијата да започнете навремено.
Како да приготвите чај од црвена детелина, тинктура, сируп и останати здрави рецепти, прочитајте ги во продолжение на текстот.
Започнувајќи од мај па до септември, на ливадите може да се најде црвената детелина која според фитотерапевтите треба сите жени да си ја имаат во својата домашна аптека.
Важно е да се напомене дека се берат само цветовите и ливчињата на врвот за време на цветањето, а се сушат во тенок слој под сенка на провев.
ЛЕКОВИТОСТ
Црвената детелина најмногу им помага на жените кои имаат проблем со хормонален дисбаланс, што се случува во менопаузата и предменструалниот период. За нејзиното лековито дејство се заслужни изофлавоните, фитоестрогени кои имаат слично дејство со естрогените, по-лови хормони кои играат важна улога во организмот на жената.
Непријатните симптоми како што се врели бранови, потење, несоница, нервоза, раздразливост, хроничен умор и по некое време и остеопороза, се последица токму на намаленото лачење на естрогенот.
Од цветовите на црвената детелина се приготвуваат чај и тинктура, кои се особено ефикасни за чистење на кр-вта и лимфата, а се препорачуваат за редовна годишна детоксикација на организмот.
Црвената детелина го јакне имунолошкиот систем и помага за лекување на дигестивни проблеми, го подобрува апетитот а воедно спречува опстипација и подување на стомакот.
Исто така се користи во козметички препарати против акни, брада-вици и чиреви, додека облоги од оваа билка го забрзуваат зараснувањето на посекотини, модринки и отоци.
Црвената детелина влегува во составот на многу лековитите сирупи кои се користат за лекување на голем број сезонски болести како што се грип, настинки, кашлица со температура, додека сувите билки и чајот служат за испирање на грлото.
ЧАЈ ОД ЦРВЕНА ДЕТЕЛИНА
Се приготвува исклучиво од цветовите: се прелива една супена лажица суви цветови со 250 мл зовриена вода. Се остава поклопено да отстои 30 минути. Се процедува и се пие 2-3 шолји на ден.
ТИНКТУРА ОД ЦРВЕНА ДЕТЕЛИНА
Се полни стаклена тегла со цветови од црвена детелина, а потоа се прелива со квалитетна домашна ра-кија. Теглата добро се затвора и се остава на светло и топло место следните 40 дена, со секојдневно протресување.
Потоа се процедува и се складира во стаклено шише, па трипати дневно се консумира по 20 капки со малку вода.
СИРУП ОД ЦРВЕНА ДЕТЕЛИНА
Во емајлирана шерпа се ставаат четири шолји свежо набрани цветови од црвена детелина и четири шолји вода. Загревајте до вриење а потоа намалетет ај температурата и варете уште околу 20 минути.
Тргнете од оган, поклопете и оставете да отстои преку ноќ. Наутро добро процедете и цветовите добро изгмечете ги за да добиете што повеќе течност. Повторно вратете во шерпата и додадете 4 шолји кафеав шеќер па варете на тивко со постојано мешање додека да добиете сируп. Складирајте во стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Се консумира секое утро, половина час пред оброк по една супена лажица.
ПРОТИВ ВОСПАЛЕНО ГРЛО
Измешајте еднакви делови црвена детелина, камилица и жалфија, па две лажици од мешавината прелијте со 500 мл зовриена вода и оставете поклопено да отстои половина час. Процедете и користете за гаргарење, повеќе пати во денот.
ПРОТИВ АКНИ
Ситно исечкајте една рака свежи цветови од црвена детелина и прелијте со 100 мл млак чај од камилица и оставете да отстои 15-тина минути, потоа процедете и мачкајте го лицето. Оставете да делува половина час па исплакнете. Повторете 2-3 пати во текот на денот.
ПРОТИВ ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ
Една шака црвена детелина прелијте со 200 мл зовриена вода и варете додека половина од течноста да испари. Оставете поклопено малку да излади. Нанесете процедено на измиени стапала и оставете да делува најмалку 30 минути. Постапката се повторува најмалку 10 дена.
ЧИСТЕЊЕ НА КР-ВТА И ЛИМФАТА И НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНА – 20 КГ ЗА 3 МЕСЕЦИ
Измешајте 15 г свежа црвена детелина, 5 г свеж лист од малина, 5 г свеж кантарион, па сето прелијте со 250 мл зовриена вода и оставете поклопено 10-тина минути. Пијте 2-3 шолји на ден, во текот на 14 дена.
Напомена: Бремените и доилките треба да ја одбегнуваат црвената детелина, а исто и жените кои имаат рак на дој-ка или се во фаза на закрепнување после опера-ција од тоа малигно заболување.