ЦРВЕНИОТ МИКС е рецепт кој е многу познат помеѓу нашите читатели. Одамна кружи на нашата страница, а најмногу го бараат во овој период, помеѓу есен и зима бидејќи штити од секаква болест. Рецептот ви е сигурно познат, но не заборавајте да си го направите уште отсега.
Лекот се подготвува исклучително лесно, нема да ви одземе многу време, а од оваа количина излегува цела доза доволна да ве заштити во наредните месеци. Смесата ја конcyмираат и здрави лица бидејќи влијае поволно за зајакнување на имунитетот.
Миксот се состои од 5 состојки кои се сметаат за најздравите намирници во светот. Се состои од: куркума, црн пипер, мед, маслиново масло и чили зачин. Комбинацијата на овие 5 состојки е неспоредлива со ниеден друг лек бидејќи има многу голема отпорност кон бактериите.
И црниот пипер и куркумата се многу здрави и п опуларни зачини кои се користат за подобрување на вкусот и бојата на храната. Куркумата се користи како лек за различни здравствени состојби, како ревматоиден артритис, кардиоваскуларни заболувања и деменција.
За лековитите својства на куркумата е одговорна состојката што ја содржи: куркуминот. Проблемот е што куркуминот не се апсорбира самостојно во организмот, а за да биде успешна апсорпцијата на овој зачин, потребно е да се јаде во комбинација со црн пипер. Па, затоа и се додава овој зачин, кој меѓу другото ги забрзува метаболните процеси во организмот.
Исто како што витамин Ц не може да се апсорбира во кр-вотокот без вода, а најважниот протеин – колаген не може да се апсорбира без вит. Ц, истиот синџир на нутриенти се одвива помеѓу односот на куркумата и црниот пипер. Црниот пипер содржи состојка наречена пиперин, која кога ќе се соедини со куркуминот, ја зголемува неговата апcopпција за 2000 пати.
Постојат две теории според кои се објаснува на кој начин пиперинот делува. Според првата, пиперинот го забавува распа-ѓањето на куркуминот во црниот дроб, а со тоа доаѓа до зголемување на неговото ниво во кр-вта. Според втората, пиперинот ја олеснува и овозможува апcopпцијата на куркуминот преку цревниот ѕид во кр-вотокот.
Како резултат на оваа комбинација се зголемуваат здравствените ефекти на куркумата: се подобрува варењето на храната, ја зајакнува активноста на дигестивните ензими во желудникот.
Комбинацијата има антиинфламаторни својства кои го намалуваат воспалението во цревата, има аналгетско дејство, го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем и помага во лекување и спречување на р ак.
Кога оваа комбинација ќе се помеша со масло (маслиново или кокосово или некое друго ладно цедено), куркуминот може да биде апсорбиран директно од кр-вотокот преку лимфниот систем, така што, на овој начин се „прескокнува” црниот дроб. Впрочем, во Индија, куркумата се користи заедно со црн пипер и масло.
КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ОВОЈ ЦРВЕН МИКС: Многу едноставно! Соодносот на состојките е следниот: 50 г куркума во прав, 5-6 полни лажици мед, 5-6 лажици маслиново масло, 3 лажици црн пипер, 3 лажици чили.
Важно е да користите природен мед, а дури може да измашате и два вида на мед. Доколку имате мед со саќе, уште подобро! Маслиновото масло треба да биде органско, екстрадевствено.
Постапка: Во подлабок сад или чиста тегла додајте ги сувите состојки: чили, црн пипер, куркума. Малку промешајте, па додајте го медот и маслиновото масло. Смесата се соединува со лажица, се складира во стаклена тегла и лекот се чува во фрижидер.
Начин на консумирање: Земајте секое утро по 1 лажица на празен стомак. Лекот има лут вкус, но доколку вкусот ви е непријатен, може да го мешате во чај или во млака вода и веднаш да испиете.
Друг начин е да земете една лажичка и да не ја голтате веднаш туку да оставите да ,,се слева” низ грлото, а потоа да испиете една чаша вода. Лекот е толку многу ефикасен за имунитет, правилна работа на цревата и целиот дигестивен тракт што веднаш ќе почувствувате наплив на енергија уште рано наутро.