Всушност, овој колач за две минути е готов, толку брзо се прави. Не треба ништо да се вари, ниту да се пече, само се реди и мачка, додека кафето се свари и овој колач можете да го послужите. Кога на некој дома му е роденден сите гласаме за оваа торта, толку многу ни се доапаѓа.




Мојот сопруг го обожава овој колач, а пред извесно време им однесов и на работа, па и моите колешки почнаа да го прават. Едноставно, колачот е предобар, ниту премногу сладок, а се топи во уста. Еве што ви е потребно според рецептот на Бригита:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 22х22 см): 500 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија или некое друго крем сирење), 400 мл слатка павлака, 160 г црн еурокремм, 160 бел еурокрем, 360 г петит кекси (или некои други по ваш вкус), чоколадни трошки




ПОСТАПКА: Слатката павлака треба да биде ладна од фрижидер, па пенасто изматете ја со миксер. Штом згусне и се претвори во шлаг, исклучете го миксерот, зашто ако продолжите со матењето шлагот премногу ќе згусне и ќе стане путерест.




Во изматената слатка павлака додајте маскарпоне или било кое друго крем сирење кое не е солено, па повторно изматете со миксерот додека да се соединат во едноличен крем, доволно е 1-2 минути матење.




Изматениот крем поделете го на половина во два различни садови. Во едниот сад додајте бел еурокрем и промешајте со кујнска маталка-жица додека да се соедини и изедначи. Во втората половина додајте го темниот еурокрем и исто така, промешајте и изедначете.




Калап со флексибилен обрач со димензии 22х22 см или приближно, обложете го на дното и страните со хартија за печење или фолија. Во помала чинија ставете вода или млеко за натопување на кексите.




Бисквитите кратко натопувајте ги во водата (или млекото) и редете ги на дното од калапот. За овој калап ми беа потребни вкуспно 9 бисквити за еден слој (3х3). Потоа распоредете половина од белиот крем (или темниот) и израмнете.




Врз кремот наредете повторно еден слој бисквити кратко натопувани, па распоредете половина од темниот крем. Израмнете и продолжете ја постапката додека да се потроши материјалот. Кога ќе го нанесете последниот темен крем, одозгора наросете чоколадни трошки.

Колачот оставете го 1 час во замрзнувач (или неколку часа во обичен фрижидер) и спремен е за послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.