За сите љубители на кокосот, ова е рецепт за совршени Баунти чоколатца. Според вкусот се идентични на купечките, а можете да ги направите едноставно, со многу малку состојки. Јас ги направив во црно-бела варијанта и двете се одлични. Видео презентацијата можете да ја погледнете подолу на линкот. Еве што ви е потребно:


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл слатка павлака, 100 г шеќер во прав, 100 г млеко во прав, 170 г кокосово брашно, 100 г црно чоколадо + 1 супена лажица масло и 100 г бело чоколадо + 1 супена лажица масло

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден сад измешајте ги слатката павлака (100 мл) со шеќерот во прав (100 г) додека убаво да се изедначат. Додајте 100 г млеко во прав, па мешајте со лажица или шпатула додека да добиете мазна, хомогена смеса без грутчиња.

![]()
![]()
![]()
![]()
На крај започнете постепено да го додавате кокосот додека непрекинато мешате со лажицата. Кога смесата ќе се згусне како тесто, замесете ја со рака и формирајте топка. Покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер да одмори половина час.

![]()
![]()
![]()
![]()

Потоа црпете со лажица од смесата, формирајте топче, па валјаче и на крај плочка. Растопете го црното чоколадо со една лажица масло (на пареа или во микробранова печка), па потопувајте ги „плочките“ со помош на виљушка и редете ги во сад обложен со хартија.

![]()
![]()
![]()
![]()

Постапката повторете ја и со белото чоколадо. Оставете ги 5 минути во фрижидер да се стегне чоколадото, а потоа декорирајте ги со остатокот од чоколадото.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за баунти, кој е уште поедноставен од претходниот:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 помал компир, 200 г шеќер во прав, 150 г кокос, 1 лажичка рендана кора од лимон, 1 лажица млеко, 3 капки екстракт од ванила, 150 г млечно чоколадо, 3 лажички масло.

ПОСТАПКА: Компирот излупете го и сварете го. Исцедете го и оставете го да се олади. Кога е млак убаво испасирајте го, да биде целосно мазен, да нема грутчиња. Потоа додајте млеко, ванила и кора од лимон.

![]()
![]()
![]()
![]()
Постепено додавајте го шеќерот во прав, па ќе смесата ќе се разводени. Додајте го кокосот и остатокот од шеќерот и мешајте. Треба да добиете смеса која може лесно да се обликува со рацете. Смесата оставете ја распоредете ја во правоаголен калап и оставете ја еден час во фрижидер.
![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа можете да ја сечете на коцки и да ги потопувате во чоколадна глазура (растопено на тивко или во микробранова печка). Ова е основниот начин на подготовка. Може да ги правите како посебни чоколатца, а од смесата можете да направите и колач: чоколадо – смеса – чоколадо, па да сечете на коцки.































