Се приготвува со едноставни намирници, а се добива многу вкусен колач. Тие што не го пробале – задолжително да го пробаат.

Потребни состојки:

3 чаши јогурт (3х180 г)
300 г брашно
250 г шеќер
120 мл масло
25 г какао
2 лажички сода бикарбона
путер за премачкување на плехот

За глазура:

150 г путер
150 г чоколадо за готвење
120 г шеќер
120 мл млеко

Постапка:

Во подлабок сад ставете јогурт, брашно, шеќер, масло, какао и сода бикарбона, па матете со миксер 2-3 минути.

Смесата излејте ја во плех 20х30 см претходно намастен со путер и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Путерот растопете го, тргнете го од оган, па додадете чоколадо искршено на коцки, шеќер и млеко, па мешајте додека да добиете мазна смеса.

Колачот изладете го па прелијте го со чоколадната глазура.

Колачот можете да го послужите со шлаг, а во сезона може да го послужите со бобинки по желба.

Напомена: овој рецепт го добив од тетка ми, која го добила од своја пријателка. Често го правам и сите многу го сакаат. Но, доста е калоричен, па по желба можете да ја намалите количината на шеќер и масло.

Доколку ви се брза и немате време да ги вагате намирниците, тогаш користете ја чашата од јогурт како мерка. Тогаш ќе ви биде потребно:

3 чаши јогурт
3 чаши брашно
2 чаши шеќер
1 чаша масло
3 големи лажици какао
10 лажици млеко