Фото и рецепт: Наталија
Неодамна на мојата пријателка и беше роденден, па кај неа за првпат ги пробав овие “Цигара бурек”, грицки со малку необичен назив, но дефинитвно совршени како finger food, вкусни и опасно заразни! Сите што ги пробавме бевме воодушевени!
Потребни состојки:
500 г готови кори
600 г ситно зрнесто младо сирење или урда
1 јајце
1 жолчка
1 белка
сол, масло за пржење
Постапка:
Готовите кори се сечат на половина за да се добијат два правоаголници, па потоа повторно се сечат дијагонално, така да се добијат кори со форма на триаголник.
За фил: Со виљушка се мати јајцето и жолчката, малку се посолува, па се соединува со зрнестото сирење.
На секор триаголник се става по една лажица фил, сер преклопува кон внатре за да не се истури филот и се витка во тесен валјак или “цигара”.
Врвот на кората се натопува со белка )со помош на четка) и се залепува за да не се одвојува при пржењето.
Вака свитканите “цигари” се пржат неколку минути во загреано масло додека да добијат златножлтеникава боја, па се вадат на хартиени салветки за да се исцеди вишокот маснотија.
Корите може да се филуваат, да се свиткаат и да се чуваат во фрижидер неколку часови пред пржењето, а да се испржат само малку пред послужување.
Ако ги подготвите неколку часови порано ќе бидат исто така убави и вкусни, но ќе ја изгубат својата крцкава кора. На ист начин, може да ги приготвувате со различни филови.
Аги ги полните со месо, имајте во предвид дека месото претходно треба да биде пропржено и зготвено.
Фото и рецепт: Наталија