Потребни намирници за околу 20 парчиња:

6 белки

Малку сол

3 лажици мед или стевија

600 мл кокосово брашно (или рендан кокос)

Кокосово масло за тепсијата

Постапка:

1.Вклучете ја рерната на 130-140 степени.

2.Цврсто изматете ги белките со прстофат сол.

3.Постепено додавајте го медот/стевијата и понатаму мешајќи.

4.На крајот, нежно со лажица измешајте ги белките со кокосот.

5.Со лажица вадете целуфки и ставајте ги на претходно добро намастен плех.

6.Печете околу 50-60 минути додека да добијат убава боја.