Во текот на минатите години имав болки во коленото поради што ми направија неколку операции, но и натаму некогаш ме болеа и имав неугодно чувство.

Болката во колената, стапалата и колковите може да укажува на оштетување на тетивата или ‘рскавицата. Проблемот тешко се дијагностицира бидејќи доколку имате проблем со колковите тоа може да доведе до болки во колената, а проблеми со колената може да доведат до болки во стапалата.

Секогаш ми советуваа да правам превентивни вежби за да ги подобрам зглобовите, но никогаш не разбирав како и кои вежби да ги правам. И да бидам искрен, никогаш немав време за тоа.

Меѓутоа, неодамна пронајдов некои совети кои би можеле да им помогнат на луѓе кои трпат болки во колковите, колената и стапалата.

ЗАЈАКНЕТЕ ГИ СКОЧНИТЕ ЗГЛОБОВИ ( ГЛУЖДОВИТЕ)

Седнете и подигнете ја ногата. Полека кружете со подигнато стапало. Повторете 10 пати во една насока и 10 пати во друга. Направете го истото и со другата нога.

ОДЕТЕ НА ПРСТИ

Можеби звучи чудно, но ова е вежба која можете да ја правите додека шетате по дома или извршувате секојдневни задачи.

Обидете се брзо да одите на прсти – ова ќе ги зајакне колената а истовремено ќе биде вежба и за вашите стапала. Исто така, одлична е за подобрување на рамнотежата. Правете помеѓу 5 и 15 минути или кога ќе се заморите престанете.

ПОДИГНЕТЕ ГИ НОЖНИТЕ ПРСТИ

Земете столица и застанете зад неа, користејќи ги рацете за одржување на рамнотежа. Подигнете ја едната пета од подот. Полека подигајте ја петата од другата нога како да стоите на прсти. Полека вратете ги петите на под. Повторувајте ја оваа вежба 10-15 пати на секоја нога.

ТРЕНИНГ ЗА ОТПОРНОСТ

Завиткајте гумена лента околу некој стабилен мебел а другиот крај околу својата нога. Стапалото придвижувајте го во различни насоки – 10 пати кон внатре и 10 пати кон надвор. Повторувајте 10-15 минути на секоја нога.

ДВИЖЕЊЕ НА НОЖНИТЕ ПРСТИ

Свиткајте ги ножните прсти на неколку секунди, а потоа протегнете ги. Повторете го ова 30 пати. На под ставете мал пешкир, прстите раширете ги и обидете се со нив да го подигнете пешкирот и да го префрлите во корпа.

КОРИСТЕТЕ ТОПЧИЊА

Земете тениско топче или некое друго со слична величина, седнете на стол, ставете го стапалото врз топчето и притиснете го. Движете го стапалото полека кон напред и назад. Уживајте во масажата.

Коментар на Enver Ajdar:

“Пример јас имав проблем 8 месеци со десното стапало. Имав несносни болки. Бев на снимање и прегледи, физикални терапии, но ништо не ми помогна. При одење имав страшни болки. Но, случајно една бабичка на пазар ме праша “синко што те мачи со ногата, лошо одиш”. И кажав што маки имам 8 месеци. Бабичката ми рече “имаш ли дома валјак од преса за пресување домати”, реков “имам”. И ми вели, синко има лек.

10 дена секоја вечер пред спиење стави ги стапалата во топла вода со морска сол по 20 минути. После избриши ги со сува крпа. Потоа десното стапало, па левото, ќе го газиш валјачето напред-назад. Боли страшно, по после 5 минути те отпушта, секое стапало по 10 минути.

Тоа и го направив 15 дена секоја вечер. Болките престанаа, петите не ме болеа а и кичмата престана да ме боли. Бев и пред комисија на Ортопедија на контрола. Кога видоа како одам и дека немам болки, ме прашаа каква физикална терапија и лекарства сум применувал.

А јас им го покажав валјакот од пресата за домати и реков “доктори, ова било лекот”. Се надевам некому може да му помогнам да се излекува од ишијалгија на кичмата, шилци во петите, но и многу други болести, во табаните има многу акупунктурни точки поврзани со нервниот систем”.