Киндер торта која се приготвува многу лесно, а е и превкусна. Киндер тортата е идеален десерт за сите пригоди, особено за родендени на дечињата. Се приготвува многу лесно, а има и извонреден вкус кој ќе ве изненади вас и вашите најблиски. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: мелени бисквити или плазма 350 г и полурастопен путер 200 г. За фил ќе ви бидат потребни следните состојки: 550 мл млеко, 150 г шеќер, 70 г брашно, 2 јајца и 100 г путер. За прелив: 100 г шеќер, 40 г какао, 1 јајце, 200 г нутела и 200 г путер.
ПОСТАПКА: Сомелете ги бисквитите или плазмата и во нив додајте го полурастопениот путер. Мешајте додека не се соедини смесата и добие песоклива структура. Вака подготвената смеса распоредете ја еднакво во калап (плех) со пречник од околу 20 см, намастен и обложен со проѕирна фолија.
Оставете ја смесата да се олади во фрижидер околу 10 минути. Во меѓувреме пригответе го филот: Млекото ставете го во тенџере на тивко да се загрее, а во посебен сад ставете го шеќерот, брашното и јајцата и измешајте ја смесата да нема грутчиња, додека стане мазна.
Кога ќе добиете жолта хомогена смеса додајте ја во загреаното млеко кое е сè уште на рингла. Повторно промешајте и кога зусне, додаjте 100 г путер. Промешајте добро да се растопи и соедини во кремот, па излејте ја рамномерно врз подлогата во калапот. Изтамнете.
Оставете да се олади и стегне во фрижидер околу 2 часа. За последниот слој во тенџере на загреана рингла додајте ги шеќерот, какаото и јајцето. Мешајте додека смесата се соедини, а потоа додаjте ја нутелата и путерот. Продолжете да мешате уште неколку минути.
Откако убаво ќе се изедначи смесата, распоредете го преливот во плехот врз претходните 2 слоја и оставете да излади уште 2 часа. Потоа отстранете го калапот и послужете ја тортата. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте рецепт за КИНДЕР ОБЛАНДИ.
Втор рецепт – Највусните обланди во цел свет – за само 20 минути: рецептот е вистинско богатство! Брзо, супер вкусно и совршено изненадување за неделно попладне во семејниот топол дом – КИНДЕР ОБЛАНДИ. За да ги бриготвите овие обленди ќе ви бидат потребни следните состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 листови обланда, 100 г чоколадо за готвење, 250 г путер/маргарин, 800 г шеќер, 600 г млеко во прав или соја млеко во прав. ПОСТАПКА: Направете шербет од 200 мл вода со шеќер како за слатко. Посебно со миксер изматете го путерот, додајте млеко во прав и соединете ја смесата.
Врелиот шербет додајте го во путерот со млеко во прав и добро измиксајте. Поделете на два дела и во еден додајте го растопеното чоколадо. Оставете да излади, а потоа филувајте: обланда – црн фил, обланда – бел фил и ставете лист обланда. Изладете во фрижидер. / recepti.com