За вечера, појадок, нешто набрзина или дури ако имате гости, можете да ги послужите со овие тријаголници.
Ако немате многу време, тогаш листот наместо на половина, свиткајте го на четвртина, па ќе добиете поситни триаголници.
Потребни состојки:
1 пакување готови кори за пита
300 г ситно сирење
1 кисела павлака (180-200г)
сол, масло
2 јајца
50 мл млеко
50 мл вода
Постапка:
Изматете го сирењето и павлаката, додадете лажичка сол, едно јајце и 50 мл масло.
Во друг сад изматете јајце со млеко, додадете 2 прстофата сол, вода и малку масло.
Ставете 2 кори па премачкајте со смесата од јајце и млеко, ставете трета кора, истото повторете го, пресвиткајте по должина, на половина.
На половина од кората нанесете од смесата со сирење. Превиткајте го врвот кон внатре. Па остриот агол лево превиткајте го кон внатре и сè така до крај.
На крај ќе добиете убаво обликуван и затворен триаголник.
Редете во намастен плех и премачкајте со онаа смеса од јајца и млеко.
Печете на 200 степени додека убаво да заруменат.