Сите ние имаме сопствен став околу тоа, како треба да изгледа нашето интимно подрачје. Средувањето на интимната регија е тема на многу моабети, но ретко кој говори за една друга работа, а тоа е, каква порака пренесуваат срамните влакна за вашето здравје?

Ова се три работи кои интимната фризура ги открива за вас:

СТАРЕЕЊЕ

Секако дека нема да се потпрете на срамните влакна, околу тезата дека стареете, но секако, тие се првиот знак за оваа состојба, иако не се причинители на истата.

– После менопаузата, интензитетот на растот на влакната, драстично опаѓа – вели Д-р Ракел Дардик, гинеколог и додава, дека покрај тоа што влакната стануваат поретки и потенки, исто како и влакната на главата, со текот на времето стануваат седи, што навистина делува фрустрирачки за многумина!

ТРЕБА ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД БРИЧЕВИТЕ

Не само што “Жбунот” се враќа во мода, туку отстранувањето на влакната од интимната зона, на било кој начин, е поопасна работа од депилацијата на било кој дел од телото.

Ако депилацијата не се прави како што треба, ќе имате проблем со иритирана кожа и мозолки потоа, а кои се всушност враснати влакна.

Враснатите влакна, најчесто се наоѓаат на вагината и препоните, бидејќи кожата на тие подрачја е значително подебела од кожата да речеме, под пазувите. И ако веќе морате да ги отстраните, обавезно на тие места, почесто правете пилинг.

Третата работа е нешто на кое треба да обратите особено внимание:

ТРЕБА ДА ГИ ПРОВЕРИТЕ ХОРМОНИТЕ

Кога хормоните се усогласени, тие се вашите најдобри пријатели, но кога тие не се избалансирани тогаш се претвораат во вашиот најлош непријател, бидејќи сè во вашето тело – od имунолошкиот систем па до расположението.

Кога хормоните не се во хармонија, вие се дебелеете, исцрпени сте и ја губите вашата коса, а тоа се одразува и на пубичниот дел.

Од друга страна, ако забележите ненадејно интензивен раст на влакната, тоа може да биде знак за тумор на јајници, вели Д-р Шерил Иглесиа, гинеколог.