Брзинскиот колач со вишни и кекси е одлично решение кога ви треба нешто слатко, но за многу кратко време. Кога немате многу време или ви дојдат ненајавени гости, направете го овој превкусен колач со овошје и кекси.

Многу убав и освежителен колач кој не треба да се пече ниту многу време за негово подготвување. Полесно и побрзо од ова не може. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г петит кекси, 300 г мелена плазма или други бисквити, 1 литар јогурт, 250 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 100 г чоколадо, 300-350 г вишни (или друго освежително овошје), шлаг за декорација.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад искршете ги крупно петит бисквитите. Додајте ги мелените бисквити, шеќерот во прав, ванилин шеќерот, па убаво со лажица промешајте за да соединат состојките.




Кога убаво ќе ги промешате состојките, одозгора прелијте го јогуртот, па уште еднаш промешајте за убаво да се промеша и јогуртот да се впие во бисквитите. Потоа добиената смеса поделете ја на два еднакви делови.




Во едниот дел додајте вишни и промешајте. Калап за торти со димензии 24 см обложете го со проѕирна фолија. На дното од калапот рамномерно распоредете ја едната половина од смесата и убаво израмнете. Одозгора изрендајте го чоколадото.




Потоа нанесете ја втората половина од смесата во која додадовте вишни, па и неа убаво израмнете ја. Тортата ставете ја во фрижидер додека го матите шлагот. Шлагот изматете го со газирана вода или млеко, па украсете ја тортата по желба.

Оставете ја тортата уште 15-тина минути во фрижидер малку да излади и вашата торта е готова. Слична варијанта на колачот може да подготвите на следниот начин:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г кекси, 300 г мелени кекси, 400 мл јогурт, 300 г вишни, 50 мл вода, 10 г пченкарен скроб / густин / нишесте, 100 г шеќер, 150 г црно чоколадо. За декорација можете да изберете и нешто по ваш избор.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад крупно искршете 300 г кекси, па додајте 300 г мелени кекси, па прелијте ги со јогурт. Во зависност од блажината на кексите, кој сака може да додаде и шеќер во прав по вкус.

Добро измешајте ја смесата за да се впие јогуртот во кексите, па половина од неа рамномерно распоредете ја во калап за торти обложен со хартија за печење или проѕирна фолија (на дното и страните).




Во друг сад измешајте го пченкарниот скроб со вода, така да нема грутчиња. Во едно тенџере ставете ги вишните и загревајте додека да зовријат (а ако биле смрзнати, да се растопат). Потоа додајте ја мешавината од скроб и вода.




Гответе на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне. Добиената смеса од вишни поделете ја на два еднакви дела. Првата половина прелијте ја врз слојот од кекси и јогурт.




Распоредете еднакво и израмнете, па одозгора нанесете ја втората половина од смесата со кекси и јогурт, распоредете рамномерно и израмнете, па на крај завршете со преостанатиот слој од вишни.

Одозгора прелијте со чоколадна глазура, наросете сечкани и мелени лешници или ореви, или пак, нешто по ваш избор. Деталите од првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а од вториот рецепт ОВДЕ.