Има повеќе верзии од оваа торта.
Потребни состојки (1х3): 7 белки, 7 лажици шеќер, 1 лажица оцет, 150 г мелени ореви и 2 лажици презла
Постапка: се матат белките со шеќерот во снег, се додава лажица оцет на крај кога ќе се добие цврст снег. Со лажица се додаваат оревите и презлите. Се печат 3 вакви кори.
Потребни состојки на фил 1: 1 литар млеко, 4 пудинг од чоколадо, 6 жолчки, 150 г шеќер, 150 г путер, 2 ванилин шеќер, 300 г чоколадо
Постапка: Во малку млеко се размешува прашокот за пудинг со шеќерот и жолчките, па сварете го остатокот од млекото. Во изладениот крем додадете изматен путер, ванилин шеќер и растопено чоколадо.
Потребни состојки за фил 2: 15 жолчки, 150 г шеќер, 150 г путер и 2 ванилин шеќер
Постапка: Жолчките се матат со 150 г шеќер, се готват на пареа 15 минути, па кога ќе излади се додава изматен 150 г путер и 2 ванили.
За декорација: 4 крем шлаг, изматено според упатството.
Редење: кора, фил 2, фил 1, се наросуваат сечкани ореви, половина од шлагот, кора, жолт гил, чоколаден фил, сечкани ореви, шлаг крем, шолт фил, чоколаден фил. Одозгора се украсува по желба.
Ова е слична верзија: