ТОРТА РЕМЕК ДЕЛО- без печење, брза подготовка, сите што ја пробале ми побараа уште едно парче. Рецепт на Гурман ТВ. Тортата се подготвува многу брзо, само редите бисквити и подготвениот фил, кој претходно мора да биде оладен.
Потребни состојки: 1 литар и 200 мл млеко, 12 лажици шеќер, 75 г путер/маргарин, 2 ќесички ванилин шеќер. И уште: 6 јајца, 12 лажици брашно, 3 лажици скроб, 300 мл млеко, 250 г какао бисквити, 100 г обични бисквити.
Постапка: Млекото се става да зоврие (одземете 300 мл на страна), па кога ќе се загрее се додаваат 12 лажици шеќер и се промешува, колку да се растопи. Потоа се додава путерот исечен на коцки со постојано мешање за се да се соедини. На крајот се додава ванилиниот шеќер и се остава да се готви на средна температура.
Во подлабок сад се матат јајцата со маталка, се додава брашното и се се соединува да не се создадат грутки. Се додава скробот и 300 мл млеко и се соединува во средно густа, компактна смеса.
Оваа смеса се додава во зовриеното млеко и со постојано мешање се готви крем со слична конзистентност како пудинг. Кремот мора целосно да се олади пред да го филувате на тортата.
Во плех со димензии 25×36 см со флексибилен обрач, се реди еден ред од какао бисквитите, па потоа се филува со половина од кремот. Потоа се редат обичните бисквити, па се премачкува со преостанатиот крем.
На крајот се редат уште еден завршен слој какао бисквити. Тортата се става на ладење во фрижидер најмалку 2 часа, и потоа се послужува на коцки. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Следно прочитајте: Торта со чоколаден пудинг и бисквити, екстра брза подготовка – ова досега никој не го одбил, веднаш се изедува.
Рецепт на CooKing – Чоколадна плазма торта. Ако ви е потребен рецепт за чоколадна торта која сите ја сакаат, а немате многу време да останете во кујна, тогаш оваа торта е вистинската за вас. Превкусна е со многу лесен чоколаден крем и плазма кекси, веднаш ќе се потроши од вашата трпеза.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г пудинг со вкус на чоколадо, 5-8 лажици шеќер, 10 г ванилин шеќер, 750 мл млеко и околу 200 мл млеко за натопување на кексите, околу 210 г плазма кекси, 100 г чоколадо, 100 г путер, 60 г шлаг и 80 мл млеко за да се измати шлагот. Наместо шлаг може да изматите слатка павлака.
ПОСТАПКА: Во длабок сад ставете 500 мл со 5 до 8 лажици шеќер, во зависност од тоа колку сакате да ви биде сладок кремот. Додајте 10 г ванилин шеќер, промешајте и ставете на оган да се загрее.
Во посебен сад ставете 120 г прашок за пудинг и разматете го со 250 мл млеко, да нема грутчиња, па смесата додајте ја во загреаното млеко со постојано мешање. Варете додека да се згусне. Додека е топол пудингот, во него додајте 100 г чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини. Оставете на страна да се олади со повремено промешување или покриено со проѕирна фолија/кеса.
Во посебен сад ставете 60 г шлаг со 80 мл млеко и изматете. 100 г путер омекнат на собна температура додајте го во изладениот пудинг и пенасто изматете го за да се соедини. Додека сè уште матите, постепено лажица по лажица додавајте го изматениот шлаг. Ќе добиете многу нежен и лесен крем. Одвојте дел за декорација.
Долгнавест, а тесен калап обложете го со проѕирна фолија, па долниот ред наредете го плазма кекси кратко натопувани во млеко. Рамномерно распоредете половина од филот и израмнете. Наредете втор ред плазма кекси исто така кратко натопувани во млеко, па нанесете го остатокот од филот.
Откако ќе го наредите третиот ред кекси, обложете одозгора со фолија и ставете ја тортата во фрижидер да се олади и стегне преку цела ноќ. Следниот ден тортата превртете ја преку чинија за сервирање и украсете ја со преостанатиот фил. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.