Овој рецепт го добив одамна, пред многу години, од мојата драга пријателка. Таа го има правено безброј пати, рафинирајќи го и усовршувајќи го секојпат. Во оваа прилика сакам несебично да го споделам рецептот со вас, па можеби оваа прекрасна торта ќе стане омилена и во вашиот дом. Eве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 4 јајца, 4 лажици шеќер, 2 лажици брашно, 4 супени лажици мелени ореви (може да се користат лешници или бадеми), 1 лажичка прашок за печиво, 200 мл ладно млеко за натопување на готовиот бисквит, 1 кесичка ванилин шеќер.




ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: 5 белки, 5 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви (лешници, бадеми по желба). ЗА КРЕМОТ: 5 жолчки, 7 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 3 лажици густин, 3 кесички ванилин шеќер, 700 мл млеко, опционален екстракт од банана, 1 маргарин. ЗА НАД КРЕМОТ: 3 големи или 4 мали зрели банани, 100 г чоколадо, 3 лажици масло, 1 сок од лимон. За декорација: 2 кесички шлаг.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 цели јајца, 8 лажици шеќер, 8 лажици млеко, 8 лажици масло, 4 лажици брашно, 4 лажици скроб, 1 лажица какао, 1/2 лажица прашок за печиво. За прелив: 100 мл млеко, 3 лажици рум. ЗА ФИЛОТ: 2 кесички пудинг од ванила (80 г), 4 лажици шеќер (или по вкус), 700 мл млеко, 250 мл слатка павлака, 5-6 банани, 1 сок од лимон.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: За првиот бисквит изматете 4 белки со 4 лажици шеќер додека да станат пенасти. Постепено започнете да ги додавате жолчките, една по една, па кога ќе ги соедините со миксерот додајте го просеаното брашно, прашокот за печиво и мелените ореви.

Измешајте сѐ рачно со лажица или шпатула и истурете во калап со дијаметар од 26 см и печете околу 15-20 минути во загреана рерна на на 180 степени. Кога ќе се излади бисквитот прелијте со 200 мл ладно млеко измешано со ванилиниот шеќер. За вториот бисквит цврсто изматете ги белките со шеќерот и нежно измешајте ги мелените ореви. Печете на 180, околу 20 минути.




За кремот се матат жолчките со шеќерот, се додаваат ванилата, брашното, густинот и малку ладно млеко (издвоено од 700 мл). Измешајте сѐ, а остатокот од млекото прелијте го во тенџере. Кога млекото ќе зоврие, сипете го кремот во него и варете додека да згусне. Оставете да се олади под стреч-фолија и измиксајте го заедно со маргаринот пенасто.




Бананите излупете ги, испрскајте ги со сок од лимон да не потемнат, а ако се поголеми пресечете ги на половина, ако се помали може да бидат цели. Стопете го чоколадото со масло на тивок оган и потопете ја секоја половина од бананата во топлото чоколадо. Оставете да се излади малку и чоколадото да се стегне.




Земете го првиот бисквит натопен во млеко, врз него ставете половина од кремот наредете ги бананите во круг од краевите кон средината, покријте ги бананите со остатокот од кремот. Одозгора се става уште еден бисквит и се покрива со остатокот растопено чоколадо. Декорирајте со глазура.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ БИСКВИТ: Бисквитот подгответе го така што ќе ги соедините сите состојки и ќе го испечете на 180 степени, како подготовката на бисквитот од првиот рецепт. Печениот бисквит оставете го малку да се излади. Преместете го на основата на која ќе се служи колачот. Сè уште топлиот бисквит прелијте го со варено млеко во кое додавате рум.

За кремот, одземете неколку лажици од 700 мл млеко и измешајте го пудингот за да добиете мазна маса без грутки. Остатокот од млекото и шеќерот ставете да зовријат и со постојано мешање сварете го пудингот додека да се згусне.




Оставете да се излади со повремено мешање. Во меѓувреме измешајте ја слатката павлака во цврст снег, па додајте ја во целосно изладениот пудинг. Пудингот прво измешајте го убаво за да се изедначи, па дури потоа додајте ја изматената павлака.

ВТОР РЕЦЕПТ

Исечете ги бананите по должина, прелијте ги со сок од лимон од сите страни. Така ќе спречите потемнување на бананите. Покријте го бисквитот со половина од филот, наредете ги бананите и покријте ги со остатокот од филот. Колачот е прилично благ, а доколку сакате да е посладок, можете да додадете неколку лажици шеќер во млекото за прелив на бисквитот. / Сoolinarka.сom