Пригответе го овој напиток и yживajте со вашите нajmили. Многу лесно се приготвува, а вкусот е нeoдолив. Веројатно ќе побарате уште еднa шолја повеќе, па затоа, подгответе двојна количина на состојките. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 мл млеко, 2 лажици какао (користете органско, квалитетно или какво имате), 2 лажици шеќер во прав, 1 рамна лажица густин (или пудинг од чоколадо), 2 реда чоколадо (6-8 коцки) или 2 супени лажици чоколадо во прав. По желба декорирајте со шлаг.




ПОСТАПКА: Во тенџере ставете го млекото, а потоа една по една просејте ги сите прашкасти состојки. Добро изматете со жица маталка додека да добиете изедначена смеса без грутчиња.




Доколку немате во моментот густин, може да употребите една полна супена лажица пудинг од чоколадо или уште подобро, пудинг со вкус на ванила, бидејќи токму овој има најнеутрален вкус.




Откако добро ќе ги изматите состојките во млекото, ставете да се загрева на умерен оган со непрекинато мешање. Смесата ќе започне постепено да се згуснува, но не премногу како на пример пудингот.




Оставете некоја минути да подизлади, па серивајте во десертни чаши (да не се ладни), поставени врз крпа за побрзо да се изедначи температурата. Откако малку ќе подизлади топлото чоколадо, одозгора декорирајте со шлаг-крем по желба.




Може да наросите и чоколадни трошки или црвено овошје по желба. Послужете со висока десертна лажица. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.