Топли посни ѓевреци со карамелна глазура и сусам
Мирис што го исполнува домот и рецептот што сигурно ќе го повторувате.
Овие посни ѓевреци со карамелизирана кора и богата сусамова арома се идеален избор за појадок, закуска или послужување за гости.
Однадвор се крцкави, однатре меки и еластични, а нивниот неодолив мирис навистина ги привлекува сите на маса. Следете ја постапката и подгответе ги совршените домашни ѓевреци, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За карамелната течност
• 180 г шеќер
• 300 мл вода
• По желба: 2 лажици мед
• НМД
За тестото
• 30 г шеќер
• 25 г сол
• 40 г свеж квасец (или 20 г сув квасец)
• 25 г маргарин
• 500 мл млака вода
• 1 кг брашно
За обложување
• 150 г печен сусам


Постапка
Подготовка на карамелната течност
1. Во сува тава сипете го шеќерот и загревајте на умерена температура додека да се растопи и добие карамелно-златна боја.
2. Внимателно додајте ја водата и мешајте постојано додека карамелот целосно се растопи.
3. По вкус можете да додадете мед и да продолжите со мешање додека смесата целосно се соедини.
4. Префрлете ја течноста во друг сад и оставете ја да се олади.
Подготовка на тестото
1. Во подлабок сад измешајте шеќер, сол, маргарин, квасец и млака вода.
2. Постепено додавајте го брашното и замесете средно меко, мазно и еластично тесто кое не се лепи.
3. Покријте го тестото и оставете го да ферментира на топло место околу 30 минути.
4. Потоа истресете го на работна површина, кратко премесете го и поделете го на 2 еднакви дела.
5. Секој дел поделете го на 6 топчиња – вкупно 12.
6. Секоја топка развлечете ја во долг валјак, свиткајте ја на половина и сплетете ја спирално, па соединете ги краевите за да добиете форма на ѓеврек.

Обложување и печење
1. Секој ѓеврек најпрво потопете го во оладената карамелна течност, а потоа убаво валкајте го во печениот сусам.
2. Редете ги во плех обложен со хартија за печење.
3. Печете во претходно загреана рерна на 180–190°C околу 25 минути, или додека убаво не заруменат.
Уживајте во топлите, мирисни и совршено крцкави посни ѓевреци кои ќе ги воодушеват и најпребирливите! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:




































