Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти – Меки кроасани со нутела.

Вкусни и меки како душа кроасани кои мирисаат на путер и нутела. Одозгора можете да ги наросите со шеќер во прав или чоколадна глазура, но можете да ги оставите и така како што се, секако се прекрасни.

Потребни состојки:

20 г сув квасец
3 супени лажици шеќер
200 мл млака вода
200 мл јогурт
200 мл млеко
1 јајце
1 кг брашно
1 супена лажица шеќер
тестото стасува 90 минути
100 г путер/маргарин
се печат на 220 степени, 20 мин
додека се топли се премачкуваат со путер

Постапка:

Во подлабок сад ставете 20 г сув квасец (2 кесички) и 3 лажици шеќер, па прелијте со 1 чаша (200 мл) млака вода. Промешајте за да се растопи шеќерот, па додадете 1 чаша (200 мл) јогурт на собна температура, 1 чаша (200 мл) млеко, млако или собна температура и 1 јајце, исто така на собна температура. Убаво изматете со маталка за да се соединат состојките.

Во течнте состојки додадете 1 кг просеано брашно и 1 лажица сол. Замесете со рака. Треба да добиете меко и малку лепливо тесто, но кое се одвојува од ѕидовите на садот. Малку намастете го со околу 1-2 лажици масло и довршете го месењето, по што тестото ќе биде покомпактно и нема да се лепи. Покријте го и оставете го да стасува на собна температура околу 90 минути.

Потоа истресете го на набрашнета работна површина, нежно премесете го и поделете го на 12 делови. Од секој дел формирајте топче. Веднаш без чекање повторно да стасува, развлечете 6 топчиња во кори со големина на чинија. Секоја кора премачкајте ја со путер омекнат на собна температура (за секоја кора доволно е едно полно лажиче путер).

Корите се редат една врз друга, а последната се става превртена, со немасниот дел да биде свртена нагоре. Се наросува со брашно и се развлекува една поголема кора. Се сече на тенки триаголници (или по желба). На секој триаголник се става по 1 лажичка нутела и се виткаат кроасаните. Се редат во плех обложен со хартија за печење.

Постапката се повторува и со вториот дел од тестото. Кроасаните се оставаат да одморат еден час, а потоа се печат во добро загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Печените кроасани веднаш додека се топли премачкајте ги со растоепн путер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: