Рецепт и видео презентација на Hacer’in Lezzetleri – сусам перничиња.
Сусам багел/ѓевречиња или балон ѓевречиња се нешто што ќе го обожавате. Запишете си го рецептот, а под пишаниот дел можете да го погледнете и видеото со постапката од нивното приготвување.
Потребни состојки:
1,5 чаша топло млеко
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
4 чаши брашно
1 лажичка сол
и уште:
сусам за багелите
малку пченкарно брашно за наросување
малку млеко за премачкување
масло за пржење
Постапка:
За мерење се користи обична чаша за вода од 200 мл. Млекото загрејте го, па 1,5 чаша ставете во подлабок сад. Додадете една кесичка сув квасец (10 г), една супена лажица шеќер и убаво промешајте за да се раствори шеќерот.
Во смесата постепено додавајте го брашното и една лажичка сол. Замесете со рака додека да добиете средно тврдо тесто кое не се лепи на рака. Покријте го и оставете го половина час да ферментира и да се удвои.
На малку набрашнета површина премесете го тестото и поделете го на 6 делови. Од секој дел формирајте топче. Земете едно топче и сплескајте го со дланките, премачкајте го едната страна со млеко, па со влажната страна притиснете го во чинија со чинија за да се налепи што повеќе семе.
Тестото ставете го на работна површина, одозгора наросете го со малку пченкарно брашно и со помош на оклагија развлечете го во кора. Исечете ја на 4 триаголници. Постапката повторете ја со сите топчиња тесто.
Во загреано масло спуштајте ги триаголниците со мазната страна (со сусамот горе) да се пржат и ќе забележите дека тие веднаш ќе започнат да се дујат како балони. Пржете ги од двете страни додека да заруменат, па вадете ги во чинија за послужување. Деталите можете да ги погледнете во видеото:
https://youtu.be/BqE8mAiQvrQ