Во колку часот треба да биде појадокот, ручекот или вечерата за полесно да ги намалиме вишокот килограми? Во следниот текст прочитајте која е тајната и како да го активирате механизмот за cлабеење.
При изборот на диетата најчесто следиме што е тоа што треба да го јадеме, па ги мериме состојките, ги вагаме според пропишаните мерки, а неретко се случува да броиме и калории, па цел ден ни поминува во пресметки.
Меѓутоа, малкумина се досетуваат дека исто така, многу е важно, а можеби и најважно кога станува збор за слабеењето, е да се разгледаат и факторите на биолошкиот часовник, односно времето кога се земаат оброците.
Па така, едни од најдобрите нутриционисти велат дека појадокот, ручекот и вечерата може поинаку да влијаат врз слабеењето, во зависност од тоа во колку часот ги консумираме, односно во кој период од денот.
Анализите покажуваат дека најдобро е да се појадува околу седум (7:00) часот наутро, да се руча помеѓу дванаесет ипол и тринаесет часот (12:00-12:30), а да се вечера помеѓу осумнаесет и осумнаесет ипол часот (18:00-18:30).
Според нив, дури и само ако ја поместите вечерата некаде после 20 часот, тоа просечно додава околу пет центиметри во обемот на струкот. Кога станува збор за жените, тоа значи дека ќе ви биде потребен фустан – дури два броја поголем.
Истражувањата велат дека главната причина за тоа е потрошувачката на енергија во текот на денот. Навечер сите механизми во телото успоруваат и организмот се подготвува за сон, па ќе се потроши далеку помалку енергија.
Со детлно следење било откриено и кога најмногу „ќе ви се пријаде“ нешто, односно кога сме во најголемо искушение да изедеме нешто помеѓу оброците. Тоа е во девет часот наутро (9:00), единаесет претпладне (11:00) и околу дваесет и еден ипол (21:30).
За овие моменти кога си мислите дека не можете да издржите без нешто да гриценете, пригответе си некоја здрава ужина или обидете се да се фокусирате на нешто друго за да не мислите на јадењето. Ова особено важи за доцна во ноќта.