ТИРОПИТА…Лесна домашна пита со сирење на едноставен начин…Од класичната пита „сеченица“ се разликува по тоа што корите се развлекуваат сите заедно одеднаш, а помеѓу се посипуваат со скроб. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
350 г брашно
175 г млака вода
45 г масло
1 лажичка сол
2 лажици оцет
скроб/нишесте/густин
ЗА ФИЛ измешајте:
400 г ситно бело сирење (фета)
2 јајца
200 г цврст јогурт/кисела павлака
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете средно меко тесто кое не се лепи. Месете го 5 минути, па поделете го на 10 топчиња. Секое топче обилно потопете го во скроб. Покријте ги топчињата и оставете ги да одморат 20 минути.
Тепсијата 32 см обилно намастете ја со масло. На работна површина посипата со скроб ставете 5 топчиња и секое сплескајте го со дланка со големина на мала чинија и наредете ги една врз друга. Помеѓу сипувајте скроб.
Сите заедно развлечете ги во една голема кора. Поставете ја во тепсијата, но така краевите малку да излегуваат надовор од неа. Распоредете го внатре филот од сирење, а одозгора поклопете со втората кора од преостанатите 5 топчиња.
Сипете малку масло одозгора, направете витки и исечете ја на коцки. Печете ја 50-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: