На организмот му е потребен јодот за да ги синтетизира хормоните кои ги произведува тироидната жлезда. Овие хормони обавуваат неколку важни метаболички функции:
-Го забрзуваат согорувањето на хранливите материи кои ни обезбедуваат енергија (јаглени хидрати, масти и протеини).
-Неопходни се за нормален развој на нервниот систем кај децата. Недостиг од овие хормони (поради недостиг од јод), може да доведе до ментална ретардација.
Кога на возрасно лице му недостига јод, тироидната жлезда се зголемува, обидувајќи се да го надополни тој недостиг и да произведе доволно тироиден хормон. Тоа зголемување се нарекува „гушавост“.
На нашиот организам му е потребна многу мала количина јод, 0,14 милиграми дневно. Овошјето и зеленчукот нормално обезбедуваат доволна количина јод, ако почвата на која се одгледувани е богата со јод.
Меѓутоа, постојат почви кои се сиромашни со јод (главно, оние поодалечените од морската обала, или осиромашена поради интензивна земјоделска експолатација), па и растителните култури одгледувани на нив ќе бидат сиромашни со овој минерал.
За да се спречи тоа, добро е:
-Да се користи морска сол
-Да се консумираат алги за јадење.
Рибата исто така содржи јод, но нејзината употреба сепак не е неопходна за да се задоволат секојдневните потреби за јод.
МОРСКАТА СОЛ, покрај натриумхлорид, обезбедува и други минерални соли како што се јодната и магнезиумовата сол. Поради тоа, за морската сол се смета дека е поквалитетна од камената или рафинираната сол.
Меѓутоа, во никој случај дневната потрошувачка на сол не би смеела да преминува 6 грами според препораките на СЗО. Лицата кои патат од висок крвен притисок и срцеви заболувања не смеат да користат повеќе од 3 грама дневно.