Тиквички имаме во изобилие, па речиси секој ден приготвуваме најразлични јадења со нив. Евтини се, со адаптибилен вкус и што е најважно многу се здрави. Од нив може да се приготви многу вкусен и крцкав чипс на следниот начин:
Исечете ги на тенки тркалца или лентички, малку посолете ги и оставете ги 10-тина минути. Потоа ставете да се загрева маслото, а секоја лентичка убаво набрашнете ја, брзо провлечете ја во некој подлабок сад со ладна вода (така да се задржи брашното) и спуштете ја во врелото масло.
Испржените тиквички на овој начин излегуваат крцкави како чипс од компир, а притоа се многу вкусни. Но, овојпат сакам да ви откријам еден нов рецепт кој почесто го приготвувам, бидејќи сите го обожаваат, лесно се приготвува и заситно е. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 млади тиквички со средна величина, 150 г рендан кашкавал по ваш избор, 300 г брашно, 2 јајца, сол и црн пипер во прав по вкус, растително масло, 3-4 лажици цврст јогурт или кисела павлака, 2 чешниња лук или по вкус.
ПОСТАПКА: целиот штос во овој рецепт се „сендвичите“ од тиквички. За таа цел треба правилно да се исечат. Откако ќе ги измиете со ладна вода, отстранете им ги дршките, па сечете ги тенки тркалца, но, на следниот начин:
Првото тркалце засечете го речиси до крај, но целосно до крај. Второто тркалце исечете до ко крај, така што ќе добиете пар од две тркалца кои се споени на едниот крај, како школки. На овој начин исечете ги двете тиквички.
На ситната страна од рендето изрендајте 150 г кашкавал. Во секоја „школка“ или „сендвич“ од тиквички ставете по една мала лажичка рендан кашкавал и притиснете со лажичката за да може полесно да се затвори. Оставете ги настрана додека ги приготвувате состојките за похување..
Во подлабок и широк сад ставете 300 г брашно, а во друг сад скршете две јајца. Посолете ги и запиперете ги по вкус, а потоа изматете ги со кујнска маталка. Секоја „школка-сендвич“ од тиквички најпрво добро набрашнете ја од двете страни.
Потоа натопете ја во изматените јајца, па спуштете ја во тава со загреано масло на умерена температура. Пржете од двете страни додека убаво да зарумени.
ЗА СОС: Во јогуртот или киселата павлака додајте ситно исечкана мирудија/копар и две чешниња истиснати низ преса, промешајте и послужете заедно со тиквичките. Деталите погледнете ги ОВДЕ.