Ако се сеќавате, овие колачиња ни ги правеа мајките кога одевме на екскурзија.

Фото и рецепт: Елена Мишковска

Потребни состојки:

2 изматени јајца

1 чаша од 200 мл шеќер

1 чаша јогурт

½ чаша масло

1 прашок за печиво

1 рамна лажица сода бикарбона

700 г брашно +-

200 г суво грозје

Постапка:

Се замесува тесто од 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша јогурт

½ чаша масло, 1 печиво, 1 рамна лажица сода бикарбона и околу 700 г брашно.

Тестото не е многу меко. Откако убаво ќе се изедначи, се додаваат 200 г суво грозје, па повторно се меси.

Се кинат топчиња како помало јајце, малку се плескаат и се редат во намастена тепсија.

Се печат на 200 степени околу 20 минути. По желба се премачкуваат со претходно направен густ шербет и се враќаат уште 2-3 минути во рерна.