Јајцата од препелица се одличен природен лек за луѓе кои се болни или се опоравуваат од болест, бремени жени, мали деца, дури и здрави луѓе кои сакаат само да го зајакнат својот имунитет.
Сепак, не сите јајца од препелица се добри. Од клучно значење е во какви услови живеат истите тие препелици. Кога купувате јајца, внимавајте од кој производител купувате. Пожелно е препелиците да јадат квалитетна храна.
Јајцата од препелица се толку хранливи што се даваат дури и на животни на кои им требаат дополнителни витамини. Во Азија, јајцата од препелица се користат со векови како составен дел на разни народни лекови.
Утврдено е дека јајцата од препелица го забавуваат стареењето, помагаат при закрепнување по сериозни болести, им помагаат на децата да се развиваат правилно, а исто така штитат од вируси.
Тие исто така се користат како состојки за козметички производи наменети за нега на кожата и косата. Ако стра-дате од разни хронични болести, како што се астма, висок кр-вен притисок, анемија и сл, јајцата од препелица се одлична храна за вас.
Јајцата од препелица се вистински извор на витамини. Тие содржат огромни количини на фосфор и железо, витамини од групата Б. Тие исто така имаат корисен ефект врз нервниот систем, така што можете да ги користите ако сте склони кон нервоза, анксиозност или депресија.
Тие имаат корисен ефект врз орга-ните како што се црниот дроб, срцето, циркулацијата на кр-вта. Ако имате проблеми со метаболизмот и варењето, јајцата од препелица се одлична храна, бидејќи помагаат во варењето на храната и ја стимулираат работата на мрзливите црева.
Јајцата од препелица се кон-сумираат без дополнителна обработка, доколку сакате да имаат целосен ефект врз вашето тело. Се препорачува да се пијат пет јајца наутро, на празен стомак, половина час до еден час пред појадокот. Терапијата треба да трае 48 дена.
За една терапија ќе ви требаат 240 јајца. Кога ќе ја завршите терапијата, направете пауза од три месеци, за да можете да ја повторите. За да останете здрави, се препорачуваат најмалку две такви терапии годишно.
Ова е дефинитивно препорачана терапија, може да се земе во помала доза, додека поголема доза се препорачува за потешки пациенти. Се разбира, кон-сумирањето 5 јајца не е задолжително и сè зависи од вашиот животен стил, само треба да се придржувате до паузите помеѓу терапиите. Може да се кон-сумираат и по 2 јајца на ден, доколку сте здрави, а сакате само да го зајакнете имунитетот.
Ако не сакате да пиете живи јајца, можете да ги изматите со миксер. На овој начин ќе добиете шејк и ќе ви биде полесно да ја испиете терапијата. На крајот додајте малку сок од портокал или лимон, а исто така можете да разредите со вода.
Многу е важно јајцата од препелица да ги чувате на температура од 2°C – 6°C, во фрижидер. Јајцата треба да се искористат во период од 2 месеци. Јајцата од препелица можат да се варат или пржат, но на тој начин ги губат лековитите својства.
Значи, ако сакате да ги кон-сумирате исклучиво од здравствени причини, најдобро е да пиете сирови јајца, без дополнителна обработка. Што се однесува до терапијата, исклучок треба да направат само пациенти кои имаат проблем со жолчката и на кои лекарите им забраниле да кон-сумираат храна како што се јајца и млеко.
На овие пациенти им се препорачува прво да се кон-султираат со својот лекар и доколку лекарот одобри терапија со јајца од препелица, пациентите треба да пијат само едно јајце во првата недела пред појадокот.
Ако немаат никакви проблеми, во следната недела тие можат да ја зголемат дозата на две јајца на ден, потоа на три и така натаму се додека да ги достигнат потребната доза од 5 јајца на ден.
Ако во одреден момент се почувствувате лошо поради терапијата, слободно намалете ја дозата на количината што ви одговара или престанете да пиете. Исто како и сите други видови јајца, јајцата од препелица може да предизвикаат салмонела.
Затоа треба да се чуваат најмногу на температура до 6°C. Ако температурата надмине 8°C, се создаваат услови за развој на салмонела, иако овој процент е мал.
Јајцата од препелица се корисни за спортистите и оние кои сакаат да ја зголемат својата тежина. Сепак, за да се постигне посакуваниот ефект, потребна е поголема количина јајца, како и некои други протеински јадења, како што се млеко, банани.. Јајцата од препелица содржат нешто повеќе од 15 калории и затоа се одлична храна доколку спроведувате диета.
Јајца од препелица во бременоста
Познато е дека бремените жени треба да пијат повеќе витамини отколку пред зачнувањето. Додека бебето е во матката, тоа се храни преку мајката и затоа жените за време на бременоста треба да внесуваат потребна доза на витамини и минерали за правилен развој на детето.
Бидејќи на бремените жени не им е дозволено да кон-сумираат вештачки додатоци, туку само природни, докажани производи, јајцата од препелица се идеална храна за идните мајки.
Јајцата од препелица се едни од ретките намирници кои можат да им обезбедат на бремените жени доволна количина на сите потребни витамини. Со оглед на придобивките, јајцата од препелица треба да ги пијат бремени жени кои имаат слаба кр-вна слика, проблеми со кр-вниот притисок или варење на храната.
Бремените жени мора да бидат особено внимателни на грип и настинка, бидејќи дури и кога ќе се разболат, не смеат да земаат антибиотици или какви било други лекови. Дури и капки за нос не се препорачуваат.
Исто така, постојат претпоставки дека јајцата од препелица влијаат и на развојот на мозокот на бебето. Единствениот проблем што може да се појави во овој случај е ако бремената жена има премногу чувствителен стомак и проблеми со чести повраќања.
Во овој случај, изматете ги јајцата со миксер и додајте малку стевија или мед. Обидете се да замислите дека тоа е вкусно смути. Вкусот ќе биде многу подобар. Витаминот Д игра голема улога во развојот на децата, со цел да се зајакнат мускулите и кос=ките, а јајцата од препелица обезбедуваат доволна доза на овој витамин.
Како што се зголемува бројот на деца кои стра-даат од бронхитис, јајцата од препелица се одличен природен лек. Јајцата од препелица може да се даваат на деца над 1 година, засладени со малку мед и во мала количина. На овој начин ќе се зачува имунитетот на детето.
Јајца од препелица за рак
Јајцата од препелица не можат да излечат сериозни болести како што е ракот. Но, тие можат да бидат од голема помош за луѓето кои стра-даат од рак. На пример, ако пациентот се подготвува за опера-ција или оди на хемо-терапија, треба да пие јајца од препелица за зајакнување на имунитетот.
Исто така, јајцата од препелица се одлични за закрепнување од ту-мори, имајќи предвид дека пациентите кои имале среќа да ја надминат оваа тешка бо-лест, се соочуваат со значително слаб имунитет. За рак се препорачува да се пие поголема доза од јајцата, до 1080 вкупно во цела терапија.
Бидејќи ракот е б олест што понекогаш се враќа, се препорачува да се кон-сумираат јајца од препелица, така што организмот е доволно силен да го одбрани телото од нови на-пади, доколку е потребно.
Цената на овие јајца е речиси иста како и цената на пилешките јајца. Ги има во подобро снабдени продавници за здрава храна, супермаркети, но најдобро е да ги купите на фарма каде што се одгледуваат. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска