ДОМАШНА ПИТА КАКО БУРЕК…Како ли не го знаев овој метод порано…Неверојатно лесно, брзо и вкусно…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 чаши вода (400 мл)
1 лажичка сув квасец (5 г)
5 чаши пченично брашно (600 г)
сол (8 г)
За подмачкување на тестото:
Растопен путер (80 г)
1 мала чајна чаша масло (90 мл)
За фил:
2 – 3 лажици масло (20 мл)
3 главици кромид со големи димензии
3 јајца
спанаќ (400 г)
сол, црвен пипер во прав, црн пипер
За премачкување на питата:
2 жолчки
ПОСТАПКА:
1.Во садот за месење измешајте вода и квасец. Малку по малку додавајте од брашното, посолете и замесете меко тесто кое не се лепи за рака.
2.Покријте го тестото со кеса и оставете го да одмори 10 минути. Стасаното тесто лесно премесете го и поделете го на 12 топчиња.
3.Растопете 80 грама путер и измешајте го со 90 мл масло.
4.Потопете ги топчињата тесто во маснотијата, да бидат намастени од сите страни и оставете ги да отстојат најмалку 30 минути.
5.За филот, на масло пропржете ситно сечкан кромид 2 – 3 минути. Додајте 3 јајца и динстајте со постојано мешање. Додајте сол и зачини и измешајте, па тргнете го од оган.
6.Спанаќот исечкајте го ситно и измешајте го со смесата.
7.Едно по едно отворете ги на мазна површина одморените теста со притискање со раката и нежно развлекување. Ќе се отворат многу лесно.
8.На едната страна од кората распоредете го филот и завиткајте го во ролат. Продолжете го со нежно виткање.
9.Добиениот ролат свиткајте го на средината на плехот така што ќе го завиткате околу него, во овална форма наместо во цел круг.
10.На ист начин подгответе ги и другите теста и дополнете го плехот. Одозгора премачкајте со жолчки помешани со малку масло.
11.Печете во загреана рерна на 200 степени додека убаво да порумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.