Лажна пита со зеленчук
Лажната пита со зеленчук е идеален избор за оние кои сакаат брз, економичен и вкусен оброк.
Овој рецепт комбинира едноставни состојки и лесна подготовка, а резултатот е јадење со богат вкус и привлечна текстура.
Совршена за секојдневни оброци или лесна вечера, оваа пита ќе ги воодушеви сите љубители на зеленчукот, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 3 парчиња тиквички
– 1 главица кромид
– 3-4 лажици масло
– 1 парче морков
– 1 парче црвена пиперка
– 1/2 врзоп магдонос
– 3 јајца
– 300 мл млеко
– 240 г брашно
– 150 г чедар или кашкавал по избор
– НМД
Постапка:
1. Во тава на средна температура загрејте малку масло и пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Додајте го ренданиот морков и продолжете да пржите околу 2 минути.
Потоа, додајте ја црвената пиперка исечена на ленти, посолете и запиперете по вкус. Пржете додека зеленчукот омекне.
2. Тиквичките изрендајте ги и добро исцедете ги од вишокот течност. Во сад, измешајте ги со пропржениот зеленчук и ситно исечканиот магдонос. По потреба, дополнително зачинете со сол и црн пипер.
3. Во посебен сад, измешајте ги млекото, брашното и јајцата. Мешајте енергично за да добиете хомогена смеса без грутки. Оваа смеса прелијте ја врз зеленчукот и добро соединете.
4. Тавче за печење обложете го со хартија за печење и намачкајте го со малку масло. Истурете ја подготвената смеса и рамномерно распоредете ја.
5. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 35 минути. Потоа, извадете ја питата, посипете ја со рендан кашкавал и вратете ја во рерна да се пече уште 15 минути, додека да зарумени.
6. Сервирајте ја питата топла или на собна температура, по желба со кисела павлака или свежа салата.
Оваа лажна пита со зеленчук е вистински пример за тоа како едноставните состојки можат да се претворат во вкусно и заситно јадење. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































