Витаминот Б3 игра важна улога во функционирањето на нашето тело. Учествува во метаболизмот, го контролира нивото на холестеролот и служи како превенција од Алцхајмерова болест, одредени видови на карцином, шизофренија…
Овој витамин на телото му ја дава потребната енергија и овозможува нормален метаболизам, правилна работа на мозокот и спречува појава на Алцхајмер, го штити здравјето на срцето, го исфрла холестеролот од телото, спречува развој на рак на кожа и рак на усна шуплина.
Уште одамна, во далечната 1962 година, доктор Хофер најави успешно лекување на шизофренија со високи дози на витамин Б3.
Пациентите со шизофренија кои имале бурна реакција на кожата на овој витамин, имале поголем ризик од психоза, за разлика од оние на кои кожата не им реагирала на Б3.
Недостигот на витамин Б3 во организмот се манифестира со следниве знаци:
Сува кожа, мачнина, раздразливост, главоболка, проблеми со меморија.
Потребна днавна доза од витамин Б3: за жени 2 мг дневно, за мажи 5 мг дневно.
Витаминот Б3 може да се најде во следните намирници:
Спанаќ, мисиркино месо, црвено месо, кикирики, риба, печурки, компир, црн дроб, домати.
Јадете здрава и избалансирана исхрана, многу шетајте, пијте чиста вода. Доколку почувствувате симптоми, јавете се на лекар.