Телешки шницли во сос со печурки…Месото е многу меко, се топи во уста, а сосот е прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 г телешко месо исечено на тенки шницли
200 г печурки
1 голема лажица путер или масло
малку сенф
сол, црн пипер, рузмарин, сувзеленчуков зачин (вегета)
1 чешне лук
брашно
ПОСТАПКА:
Со кујнски чекан истенчете ги парчињата и дополнително со врвот од ножот избоцкајте ги. Потоа од двете страни набрашнете ги и пропржете ги на растопен путер додека малку да заруменат од двете страни.
Потоа додајте малку сенф и 100 мл вода, па превртете ги за убаво да се раствори и шницлите да се натопат. Посолете, запиперете и зачинете со прстофат рузмарин.
Поклопете и динстајте на ниска температура 10 минути. За тоа време исечкајте ги печурките и лукчето, па додајте ги во тавата. Поклопете и динстајте 15-тина минути.
За тоа време проверувајте и дотурајте по сосем малку вода, по потреба. По вкус додајте зачини. Постапката погледнете ја ОВДЕ.