Рецепт: Лидија Јошевска

Фото: Сузана Глушкова

Потребни состојки за кора:

180 г брашно

2 лажици шеќер

125 г путер

1 жолчка

За фил:

400 г тиква +-

2 јајца

100 до 140 г шеќер, по вкус

1 лажичка цимет

1 лажичка мелен ѓумбир

1 прстофат сол

2 лажици брашно

Постапка:

1.Се меша путерот исечен на коцки со брашното и шеќерот да дојде како трошки, се додава жолчката и се меша убаво тесто. 

Се притиска тестото со рака во калап и се остава да одмори 30 минути во фрижидер.

2.Се вари тиквата сечена на поголеми делови во вода со малку сол. Кога ќе омекне, се цеди убаво и се пасира.

3.Се става тиквата во сад, се додаваат јајцата едно по едно. Се додаваат останатите состојки и се меша до изедначување. 

Филот се истура во калап и се пече на 200 степени, 40 минути, подолу во рерната.

Се поросува со шеќер во прав пред сервирање