Ако редовно го користите овој рецепт, гарантирано ќе го успорите стареењето на вашата кожа, но и на целиот организам воопшто, а самата кожа ќе се измазни, освежи и ќе стане убава и еластична. Еден од најпопуларните рецепти што деновиве го споделија многу руски јутјубери потекнува од еден женски манастир.
Таму, една жена се сретнала со монахиња која престојувала во манастирот и изгледала многу младолико. Од љубопитство започнала разговор со неа и ја прашала колку години има, а од одговорот видно се изненадила, бидејќи изгледот на оваа монахиња не соодветствувал со нејзините години.
Па, зачудено ја прашала монахињата што прави и што користи за да изгледа толку младо, со здрава и сјајна кожа, наспроти годините што ги има. На ова калуѓерката отворено и искрено и одговорила, дека младешкиот изглед на сите монахињи се должи пред сè на нивниот начин на живеење и молитвите.
Меѓутоа, како што течел разговорот ги начнале темите за исхрана, за постот и лековитите билки, па монахињата и открила на оваа жена дека во манастирот имаат своја градина каде одгледуваат многу лековити билки и ги користат за исхрана, но и за лекување.
Самите монахињи подготвуваат разни мевлеми и билни мешавини за третирање на различни здравствени состојби, па честопати населението од околните места им се обраќало за помош. На крај и дала еден рецепт и ја посоветувала да биде упорна со неговото користење, како што треба да упорна и со сè останато во животот.
Жената го пробала рецептот, и‘ се допаднал, а потоа го споделила со многу луѓе. Очигледно овој еликсир бил ефикасен и им се допаднал на сите што го пробале, па рецептот за негово приготвување започнал вртоглаво да се шири и споделува. Денес овој рецепт е познат под името „руски еликсир за долговечност“ и е еден од најпопуларните кога станува збор за здравјето и регенерацијата на организмот.
Оваа комбинација е толку многу моќна, што се смета дека ниеден народен лек не му е рамен. Еликсирот се подготвува многу лесно и брзо, потребни ви се точно 10 – 15 минути да одвоите време, но треба да бидете претпазливи во начинот на консумирање, бидејќи ефектите на долговечноста се постигнуваат доколку се консумира само на еден одреден начин.
Потребни состојки: 2 лимони, 2 главици лук, 1/2 килограм мед.
Постапка: За да го направите овој еликсир, потребно е да користите органски лимони, а не прскани со пестициди, затоа што кората на лимонот во овој рецепт игра многу важна улога и без неа овој еликсир ќе ја нема посакуваната ефикасност.
Лимоните треба да се сомелат или да се изрендаат заедно со кората, но претходно отстранете им ги семките (единствено семките не ви се потребни во овој рецепт, нив можете да ги засадите и да израснете нови билки). Излупете две главици лук со средна величина, изгмечете ги и измешајте ги заедно со сомелениот лимон и половина килограм мед во стаклена тегла.
Потребно е смесата да отстои најмалку пет дена за да се соединат сите состојки. Смесата се консумира откога ќе биде веќе отстоена неколку дена, само така е правилно за да имате успешен резултат од оваа мешавина. Лукот треба да ги ослободи своите сокови и да „изреагира“ со медот.
Потребно е да се консумира по една лажичка секој ден, трипати дневно, пред секој главен оброк. Кога ќе ја изедете целата тегла, потребно е да направите пауза од 1 недела, а потоа слободно може да направите уште една доза.
Треба да бидете упорни, редовни и придобивките ќе ги почувствувате на својата кожа, здравје и целиот организам. Овој рецепт, велат Русите, ги брка сите болести. И тоа гарантира дека вашата старост ќе се успори, а кожата ќе ви изгледа барем 10 години помладо.
Прочитајте ја и следната статија: Сите овие билни растенија се богати со лековити својства што ги потврдија многу генерации, а со консумирање на овој еликсир ќе можете да се споредувате со 20 години помлади
Руската народна медицина е богата со лековити рецепти, а меѓу нив е и овој билен еликсир на „вечна младост“, комбинација на билки со исклучителни лековити својства – камилица, кантарион, цветови од смил и пупки од бреза.
Сите овие растенија се богати со лековити својства што ги потврдија многу генерации, а со консумирање на овој еликсир ќе можете да се споредувате со 20 години помлади од вас.
Потребни состојки: 100 г цвет од камилица, 100 г кантарион, 100 г цвет од смил, 100 г пупки од бреза.
За да го подготвите еликсирот, добро измешајте ги наведените состојки и чувајте ги во херметички затворен сад. Земете една лажица од смесата и истурете половина литар врела вода, поклопете ја и по 20 минути процедете.
Пијалакот чувајте го во термос за да биде постојано загреан. Пијте половина од пијалакот наутро на празен стомак, а остатокот испијте го два часа по вечерата, а отпосле не пијте и не јадете ништо сè до утрешниот ден.
Постапката на консумирање следете ја внимателно. Потребно е да пиете еден месец од овој еликсир секојдневно, а потоа се прави пауза од долг период. Еликсирот може да го консумирате повторно по изминати 5 години.
Овој пијалак ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми без да држите диета. Смилот ќе го исчисти телото од токсини и со тоа ќе ја подобри работата на срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот.
Еликсирот ја зголемува еластичноста на крвните садови, помага при мултиплекс склероза, спречува срцев удар и хипертензија. Еликсирот на вечна младост има пријатен вкус, а по желба може да се заслади со лажичка мед. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.