Поздрав драги пријатели, се надевам дека сите сте добро. Денес со вас сакам да споделам еден одличен рецепт, чиј резултат верувам дека ќе ве воодушеви. Се приготвува многу брзо зашто не се меси тесто, туку се користат готови кори кои се виткаат како кифли и се редат во тепсија, а потоа сето се залива и се пече. Резултатот ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови кори (500 г), 4 големи јајца (или 5 со средна величина), 250 мл јогурт, 100 мл масло, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 150 г сирење, 1 мала лажичка сол или по вкус, 100-150 мл газирана вода или по потреба




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете пет јајца со средна величина (ако се покрупни, тогаш четири), па изматете ги со кујнска-жица маталка. Потоа додајте една голема чаша од 250 мл течен јогурт.




Додајте 100 мл масло за готвење и една кесичка прашок за печиво, па изматете да се соединат состојките. Потоа посолете со една полна мала лажичка сол (или по вкус) и повторно промешајте за да се раствори.




Подгответе една широка тепсија со средна величина, а корите отворете ги врз работната површина. Исечете ги дијагонално од едниот агол до спротивниот, така да добиете големи триаголници.




Земете еден триаголник пред вас со широкиот агол нагоре, па со два прста соберете го како армоника со средишниот агол, па двата краја свиткајте ги и спојте ги на краевите, а потоа едноставно свиткајте како сарма или кифла.




Секако, празните „кифли“ можете да ги виткате и по ваша желба, но добро е да имаат некаков облик за крајниот резултат да наликува на пита. Со вака свитканите „кифли“ исполнете ја целата тепсија. Не ги стегајте премногу корите, треба да бидат воздушести.




Откако ќе ја исполните тепсијата одозгора рамномерно посипете ситно сирење, а потоа залијте и со приготвениот прелив од јајца и јогурт. Тепсијата протресете се за да навлезе преливот и оставете да отстои 20 минути за да се хидрираат корите.




По изминатото време ќе забележите дека сиот прелив ќе биде впиен во корите. на крај преостанува само уште да ја залиете питата со 100 мл газирана вода (или 150 мл, ако корите се подебели) и да ја оставите да одмори додека се загрева рерната.

Одозгора наросете сусам по желба, па ставете ја да се испече. Прво се пече 15 минути во загреана рерна на 200 степени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.