СВИРИПИЛЕ – Ако знаете што е ова, тогаш сигурно сте растеле со баба и сте го јаделе најубавото македонско макало…Она што е важно е дека се приготвува многу брзо и не смеете да се одалечите од шпоретот, зашто сè е готово за само неколку минути…
Има повеќе верзии за овој рецепт, но главните состојки се буковец (толчени суви пиперки), масло, вода и малку оцет, а за вкус може да се додаде нане, ловоров лист или оригано. Се послужува со печено месо, но може да се јаде и на леб. Еве неколку рецепти:
РЕЦЕПТ 1 (со видео) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
70 мл масло
4 супени лажици буковска пипер
сол по вкус
200 мл вода
1 супена лажица оцет
1 ловоров лист
1 прстофат шеќер
1 лажичка суво нане или оригано, по вкус
ПОСТАПКА за рецепт 1:
Буковската пипер сипете ја во тава и прелијте ја со масло. Загревајте и мешајте непрекинато додека сето убаво да се соедини. Штом започне да мириса убаво, намалете го огнот и сипете вода.
Посолете и додајте ловоров лист. Мешајте една минута, оставете да зоврие и пробајте дали е потребно да се додаде уште сол или вода. Додајте го оцетот и повторно промешајте. Пред крај додајте суво нане и соединете.
Вашето Свирипиле е готово. Тргнете го настрана и оставете да подизлади. Се послужува топло или ладно, по вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2 (на Маја) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 суви пиперки, ситно истолчени како буковиец
2 лажици лут буковец
1 лажичка сол
70 мл масло
1 мала лажичка брашно
200 мл вода
2 мали лажички оцет
1 лажичка суво нане
ПОСТАПКА за рецепт 2:
Издробете ги сувите пиперки, измешајте ги со лутата буковка и малку сол. Загрејте го маслото, додајте лажичка брашно, па буковката и пржете со непрекинато мешање.
Додајте ја водата, оставете повторно да зоврие, па додајте го оцетот и сувото нане. Мешајте додека да згусне, на тивок оган е доволно 10-тина минути.
РЕЦЕПТ 3 (на Бетјо) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
70 мл масло
3 супени лажици буковска пипер
малку сол
150 мл вода
1 лажичка вински оцет
ПОСТАПКА за рецепт 3:
Маслото и буковецот малку пропржете ги внимавајќи да не загори. Сипете вода и малку сол, па оставете да зоврие. Потоа додајте го оцетот и оставете уште половина минута на рингла. И тоа е тоа.
Ова е основниот рецепт, а по желба можете да додадете мелено суво нане или оригано, ловоров лист…мерките се произволни и може да варираат. Ако сакате поредок сос, тогаш додајте повеќе вода.