Фото и рецепт: Лукица
Фини, сочни и лесни коцки, за попладневен десерт.
Потребни состојки:
100 г омекнат путер или маргарин
3 лажици шеќер во прав
4 жолчки
2 ванилин шеќер
1 лажица кисела павлака
200 г брашно
1 прашок за печиво
100 мл топла вода
За овошен слој:
1 кг јаболка
4 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
Горен слој – пуфлица:
4 белки
6 лажици шеќер во прав
Постапка:
Рерната вклучете ја на 180 степени. Омекнатиот путер изматете го со шеќер во прав, па постепено едно по едно додадете ги жолчките.
Потоа додадете ги и останатите состојки, постојано матејќи со миксерот.
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плах со димензии 20х30 см. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Додека се пече бисквитот, излупете ги јаболката и изрендајте ги. Додадете им шеќер и ванила, па кратко издинстајте ги колку да омекнат и да го пуштат сокот.
Белките со шеќерот цврсто измиксајте ги. Плехот извадете го од рерна, преку кората рамномерно распоредете ги динстаните јаболка заедно со сокот.
Преку јаболката нанесете го снегот од белки и убаво израмнете со шпатула. Вратете го плехот во рерна, намалете на 150 степени и печете уште околу половина час.