Потребни состојки:

1 кг компири

500 г мелено месо

1 цел домат

1 главица кромид

3 чешниња лук

1 фант за ќофтиња

2 јајца

1 шолја течна павлака за готвење, неутрална

По вкус магдонос и морков, црн пипер

Масло и вода

Постапка:

Меленото месо пропржете го на масло и кога ќе пушти свој сок додадете му домат исечкан на коцки. Уште малку пропржете го па додадете изрендан кромид, лук, морков и магдонос.

Фантот пригответе го според упатството. Кога месото е пропржено додадете му фант и 300 мл вода. Сето заедно промешајте го, посолете и зачинете по вкус. Месото нека крчка но нека има течност толку колку да е прекриено месото.

За тоа време вклучете ја рерната на 250 степени. Компирот измијте го и исечкајте го на тенки парчиња. Намастете го и зачинете го.

Огноотпорен подлабок сад или земјена тава, намастете ја па редете: компир, месо и се така…додека да завршите со компир. Поклопете за да не изгори компирот.

Ставете ја мусаката да се пече во загреана рерна околу 45 минути. Кога е речиси готова прелијте ја со смеса од изматени 2 јајца и течна павлака. Вратете да се допече додека да биде готова.