Метаболизмот е збир на реакции што се случуваат во организмот кој врши синтеза на хранливи материи. Метаболизмот значи не само pasпаѓање на храната што ја јадете, туку и изградба на ткива, мускули и резервни материи.
Најдобро забрзување на метаболизмот се постигнува со промена на режимот на исхрана и вежбање. Покрај тоа, можете да користите корисни додатоци во исхраната кои ќе го поттикнуваат метаболизмот побрзо да ги разложува хранливите материи преку варењето на храната.
Општо правило е да се обидете да го намалите дневниот внес на калории и да ја зголемите физичката активност, но ова зависи од состојбата на организмот и метаболизмот што може да се процени според вредностите на работниот и базалниот метаболизам.
Правилна исхрана – треба да јадете редовно во мали количини, за да имате енергија, а храната што ќе ја јадете треба да биде свежа и полна со хранливи материи како што се протеини, здрави масти и јаглехидрати.
Физичка активност – нема правилно сла-беење без редовно вежбање, а покрај сла-беењето, ќе се чувствувате здраво и силно во вашето тело. Метаболизмот секако може да се забрза со разни додатоци во исхраната, но тие треба да се земаат со совет или препорака на лекар, а тоа се додатоци како омега – 3 масни киселини, витамини, минерали и антиоксиданти.
Многу е лесно да се прејадете за време на оброкот, јадете помалку во повеќе оброци. Треба да почекате 20 минути пред да почнете да јадете и да се осигурате дека сте гладни. Може да испиете една чаша вода или да изедете едно јаболко. Па ако сте навистина гладни после овошјето, изедете мал оброк.
Водата е неопходна за секој план за сла-беење. Експертите велат дека ни треба околу половина чаша вода за секои 100 калории што ќе ги изгубиме. На вашите бубрези им треба постојано снабдување со вода за да можат да ги исфрлат отпадните материи и да го одржат метаболизмот здрав. Забрзувањето на метаболизмот со вода е еден од начините да изгубите тежина.
Потребни состојки: 500 мл вода, 1 супена лажица свеж магдонос, 1 супена лажица зелен чај, 6 ловорови листови, 1 стапче цимет, 1 прстофат ѓумбир во прав и 1 лимон.
Постапка: Во сад сварете ја водата и откако ке зоврие сè додајте го свежиот магдонос, зелениот чај и ловоровите лисја. Потоа додајте стапче цимет. Доколку вишокот килограми се резултат на консумирање на премногу слатки и благо, во тој случај, циметот ќе го регулира шеќерот и притисокот.
Сите билки се оставаат да отстојат 20 минути во водата. Потоа, во оваа смеса додајте лажиче ѓумбир во прав и кога сосем ќе се излади може да се додаде и сок од 1 лимон. Се процедува и се пие по една шолја наутро и навечер. После 7 дена секојдневна кон-сумација се прави пауза од 2-3 дена, па се повторува со истиот редослед.