Фото и рецепт: Сања Милојевиќ – супер брзи кифли.

Кифличките се токму како што пишува и во називот – супер и брзи. Се замесуваат со кисело млеко и обично млеко, а поради тоа што содржат и квасец и прашок за печиво, нема потреба долго да стасува тестото, а кифлите на крајот излегуваат меки како памук.

Потребни состојки:

600 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка сув квасец
сол по вкус
1 чаша кисело млеко од 180 г
100 мл масло
200 мл млако млеко
1 прстофат шеќер
јајце и сусам и премачкување

Постапка:

Во млако млеко размешајте го квасецот и шеќерот, промешајте и оставете 10-тина минути за да се активира и запени (Овој чекор обично се прескокнува со сувиот квасец доколку се знае дека е добар и дека не му е поминат рокот).

Во активираниот квасец додадете кисело млеко претходно отстојано на собна температура и масло. Во брашното додадете прашок за печиво и промешајте. Посолете со една лажичка или по вкус.

Во течните состојки постепено додавајте го брашното, најпрво со маталка или шпатула, а на крај со рака. Замесете мазно тесто кое не се лепи.

Врз малку набрашнета работна површина развлечете го тестото со оклагија, а кората пресечете ја на триаголници. Филувајте ги по желба доколку сакате (рецептот е без фил), виткајте ги кифличките и редете ги во плех обложен со хартија.

Сега вклучете ја рерната на 180 степени и почекајте да се загрее, а за тоа време токму кифлите малку ќе одморат. Кога рерната ќе се загрее, кифличките премачкајте ги со разматено јајце и наросете ги со сусам. Печете ги 20 минути.

Фото и рецепт: Сања Милојевиќ