Супер брза вечера која се прави за неколку минути, а уште побрзо се јаде…Многу брз и едноставен рецепт за вкусно јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 2 ролати:

750 г свеж колбас
1 голем страк праз
1 лажица масло (10 мл)
1/2 лажичка сол
1 јајце
250 г + 250 г готово тесто (2 кори)
100 г рендан кашкавал
се пече 25 минути на 200 степени

ПОСТАПКА:

Испржете го колбасот по 3 минути од секоја страна. Пропржете го ситно сечканиот праз на малку масло и посолете го. Оставете настрана да се олади.

Отворете ја кората и на едниот крај распоредете половина од празот и половина колбас. Крајот од тестото премачкјате го со изматено јајце за да се залепи при виткањето, па подигнете ја хартијата сосе тестото и преклопете го филот.

Притиснете со прстите за да се залепи тестото. Премачкјате го одозгора со јајцето, а другата половина исечете ја на тенки ленти. Превиткајте ги накрсно преку ролатот и со виљушка затворете ги краевите за да не истекува филот.

Одозгора премачкјате со јајце и ставете во плех обложен со хартија за печење. Постапката повторете ја и со второто тесто и по желба врз колбасот посипете рендан кашкавал.

Печете ги 25 минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: