Вертикални линии кои се наоѓаат точно под малиот прст, а над линијата на бракот, откриваат дали ќе имате близнаци, момчиња, девојчиња или болежливи деца.

Според кинескиот метод за гледање во дланка, на нашата дланка постојат линии кои одредуваат колку деца ќе имаме. Тоа се вертикални линии кои се наоѓаат точно под малото прсте, а над линијата на бракот. Тие се нарекуваат „дечји линии“, а погледнете што тие откриваат.

БЛИЗНАЦИ

Ако линијата на деца се двои на крајот, тоа е показател за близнаци. Големи се шансите да имате близнаци!

Според кинескиот метод за гледање во дланка, длабоки и широки дечји линии, се показател дека ќе имате машки деца!

ДЕВОЈЧЕ

Се верува дека тесни и плитки бразди се знак дека ќе имате женски деца.

БОЛЕЖЛИВИ ДЕЦА

Се верува дека островчиња на почетокот од дечјите линии укажуваат дека детето ќе ви биде слабичко и болежливо на рана возраст.

ПОТЕШКОТИИ ВО ОДГЛЕДУВАЊЕТО

Островцата на крајот од детските линии укажуваат дека ќе имате проблематични деца и дека ќе се намачите во воспитувањето и одгледувањето.

ЛОША ФИЗИЧКА ГРАДБА НА ДЕЦАТА

Закривени и кривулести линии укажуваат на лоша физичка градба на децата, која ќе биде склона на болести.

ЛИНИИТЕ НА ПОТОМСТВО КАЈ МАШКА ДЛАНКА

Тие укажуваат на здравјето на детето, и колку појасно се гледаат толку детето ќе биде поздраво.

ЛИНИИТЕ НА ПОТОМСТВО КАЈ ЖЕНСКА ДЛАНКА

Тие откриваат некои карактеристики на децата и бројот на деца кои ќе ги има жената.