Нова недела, нова среќа, нови предизвици и нови возбудливи моменти. Неделата во која влеговме ќе биде исполнета со многу случки кои ќе ве натераат да размислите за смислата на животот и за тоа што всушност правите со својот живот. Три знаци ќе имаат многу силна и успешна скратена работна недела:
Скорпија, едноставно, успевате да шармирате и манипулирате со луѓето кои се на деловната сцена. Ќе посредувате со упех во некоја работа.
На крајот од неделата ви претстојат неочекувани деловни понуди. Нема да имате многу време да реагирате. Искористете ги можностите кои ви се нудат. Ова може да биде врзано со луѓе од други места или со странци. Време е и другите да работат за вас.
Потполно сте субјективни кога во прашање е љубовта. Слободните сакаат по секоја цена да влезат во врска со личност која на некој начин не е адекватна. Но добро – морате да го истерате своето.
Стрелец, давате и добивате добри совети во овој период. Просперитетот е можен кај поголемиот дел на припадниците на овој знак.
Поволен период доколку соработувате со странци или работите во некој голем колектив, каде ќе дојдете до израз.
Вашите креативни идеи и предлози ќе наидат на одобрување од колегите. Можеби ќе ви понудат проект на кој можете добро да заработите или пак, хонорарна работа. Секако, финансиите ви се подобруваат.
Токму кога помисливте дека сте заборавиле една личност и дека е време да продолжите понатаму, таа повторно се враќа во вашиот живот.
Време е да го дефинирате тој однос и да го поставите на свое место. Ако сакате нешто ново, тоа сигурно ќе биде некој кој доста патува или моментално работи на некое усовршување.
Јарец, изненадени ќе бидете од добрите деловни контакти, како на вас да чекаат на секој чекор, оваа работна недела. Поволни ви се контактите со личности кои се на висока позиција а нешто можете да решите и преку приватни контакти.
Контролирајте ја импулсивноста и користете ги сите свои ресурси. Можеби веднаш не ја гледате перспективата на некои деловни работи кои сега ги почнувате, но тие секако ќе вродат со плод. Не е поволен период за купување на автомобил. Внимавајте добро што потпишувате.
Пријатен емотивен период. Нови познанства и флертови нема да ви недостасуваат. Сепак, тешко дека ќе се одличите за влегување во подолга врска. Крајот на неделат ви носи многу страсти.
Sponsored Links