Рецепт и видео прилог на Виолета Милетиќ од Летна Кујна – Страчатела колач
Прекрасен колач, едноставно ќе ве воодушеви, мора да го пробате. Кремот е оригинален страчатела, нежен со чоколадни снегулки.
Потребни состојки:
8 белки
8 лажици шеќер
8 лажици брашни
½ прашок за печиво
1 ванилин шеќер
300 мл врело млеко за прелевање на кората
за фил:
500 мл врело млеко
100 г чоколадни снегулки (или рендано/сечкано)
100 г млечно чоколадо ситно сечкано/рендано
1 шлаг крем од ванила
8 жолчки
100 г шеќер
8 лажици ладна вода
2 желатин
500 мл слатка павлака
Постапка:
Пенасто изматете 8 белки, а потоа постепено додадете 8 лажици шеќер и 1 кесичка ванила, па матете додека да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег. Во снегот додадете 8 лажици брашно помешани со половина кесичка прашок за печиво. Продолжете да миксате на послаба брзина додека да се изедначи смесата.
Плехот од рерна намастете го и набрашнете го, па во него излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја. Печете ја кората 20-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Кога бисквитот е печен и додека е сè уште е топол, прелијте го со 300 мл врело млеко (сè ќе се впие). Покријте го плехот со фолија и оставете целосно да се излади.
За фил: Двете кесички желатин прелијте ги со 8 лажици ладна вода, промешајте и оставете да отстои 10-тина минути, додека да набубри. Жолчките пенасто изматете ги со 100 г шеќер. Матете ги додека да побелат и да се згуснат. Во добро изматените жолчки додадете 500 мл врело млеко (на овој начин термички се обработуваат жолчките).
Изматете убаво, па додадете го набубрениот желатин и полека со лажица мешајте 10-тина минути за убаво да се растопи и соедини. Оставете ја смесата добро да се олади, околу 1,5-2 часа. Во изладениот желатинест крем додадете 500 мл течна слатка павлака и прашокот од 1 кесичка шлаг од ванила (за вкус), па заедно изматете ги со миксер додека да добиете кремаста структура.
На крај додадете ги чоколадните снегулки и млечното чоколадо, па соединете ги. Филот рамномерно распоредете го врз изладената кора и израмнете. Колачот оставете го да отстои уште 2 часа на собна температура, а потоа можете да го дегустирате. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: