Во време кога интересот за алтернативно домување, туристичко изнајмување и инвестиции во недвижности постојано расте, приказната на американскиот столар Крис Брумфилд станува пример што го привлекува вниманието и на инвеститорите и на љубителите на уникатни сместувања.
Уште во 2015 година, Брумфилд – искусен столар и градежен изведувач – заедно со сопругата купува имот од пет хектари во Ремсен, во сојузната држава Њујорк, за околу 25.000 евра.
Локацијата, опкружена со шума, благи ридови и близина до езеро, веднаш му ја открила својата вредност.
„Од самиот почеток знаев дека ова ќе биде Airbnb објект. Сакав да создадам нешто поинакво, нешто што луѓето ќе го паметат“, вели Брумфилд.

Од идеја до луксузен туристички објект
Во текот на три години, секој викенд патувал од Конекикат за лично да ја гради првата дрвена куќа.
Поголемиот дел од работата ја извршил сам, додека за специфични сегменти ангажирал професионалци – електричари, бушачи за бунар и мајстори за внатрешни завршни работи.
Кога објектот бил завршен и понуден за изнајмување, интересот експлодиpал. Куќата станала вирална, а резервациите се ределе една по друга. Тоа било сигнал за следниот чекор.
Во 2019 година, за само 13 недели, Брумфилд гради уште поамбициозен објект – дрвена куќа на висина од 4,3 метри, до која се пристапува преку висечки мост.
Со површина од околу 112 квадратни метри, две спални соби, тераса, приватно езерце и поглед кон водопад, ова сместување денес се издава за 650 евра по ноќ.
„Сакав да создадам простор што ќе биде безбеден, комфорен и атрактивен за семејства, но и доволно луксузен за гости што бараат нешто посебно“, објаснува тој.
Бизнис модел што привлекува инвеститори
Денес, приходот од изнајмување достигнува околу 370.000 евра годишно, што му овозможило на Брумфилд целосно да се повлече од класичната градежна работа.
Наместо тоа, се фокусира на управување со објекти, планирање нови инвестиции и развој на туристички концепти во природа.
Овој пример сè почесто се анализира и од експерти за недвижности, осигурување на туристички објекти и долгорочни инвестиции, бидејќи ваквите куќи бараат и соодветна заштита – од имотно осигурување, преку осигурување од природни непогоди, до специјализирани полиси за издавање на туристи.
„Не можам само да седам и ништо да не правам. Ова е нешто што еден ден ќе им го оставам на моите деца“, вели Брумфилд.
Зошто ваквите куќи стануваат сè повредни
Со растот на побарувачката за еко-туризам, луксузни сместувања во природа и паметно инвестирање во недвижности, ваквите проекти се гледаат како стабилен извор на приход, но и како бизнис што бара добро планирање, правна заштита и соодветно осигурување.
Куќата погледнете ја ОВДЕ, ОВДЕ и ОВДЕ:





































