Здраво на сите, јас сум Курт и еве ме повторно со нов рецепт. Јас сум професионален готвач во елитен ресторан во Германија, но многу сакам да ги споделувам моите рецепти, особено оние кои се едноставни и успешни.




Овојпат ќе ви откријам како да направите совршено розово сирење кое е многу здраво и децата многу го сакаат. Особено доколку немаат обичај да јадат цвекло или сирење, ова е совршен начин да им понудите здрави белковини, неопходни за нивниот раст и развој. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри млеко (ако се снабдите со домашно, уште подобро, но може и купечко), 1 супена лажица сол, 3-4 главици цвекло, сок од 1 лимон




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете две литри млеко и додајте една супена лажица сол. Промешајте со лажица за да се растопи солта, а млекото ставете го на умерен оган да се свари.




Измијте го цвеклото под млаз ладна вода, потоа излупете го и исчистете го, па исечете на помали парчиња кои можат да влезат во соковник или блендер. Имајте во предвид дека цвеклото е цврсто, па за да ја олесните работата, исечете го на помали парчиња.




Доколку немате соковник, тогаш цвеклото ставете го во блендер и сомелете го колку можете поситно, па потоа добро исцедете го преку двојна газа. Истискајте колку можете повеќе, за да добиете што повеќе сок.




Исцедете сок од еден лимон, па додајте го во сокот од цвекло и промешајте. Кога млекото ќе започне да пени и да се подига, во него полека додајте ја мешавината од лимонов и сок од цвекло.




Гответе на умерена температура пет минути, па ќе забележете дека ќе започне да се одделува сурутката и млекото ќе започне да се засирува. Потоа исклучете го огнот, тенџерето поклопете го со капак и оставете да одмори 10 минути.




Со помош на решеткаста лажица извадете ја „урдата“ од млекото, односно само засирениот дел и ставете го во двојна цедалка/калап за сирење (или ако немате ваква цедалка, поставете двојна газа и формирајте го обликот на сирењето).




Добро притиснете одозгора со лажица за да излезе што повеќе сурутка. Поставете некоја тежина одзгора и оставете 5 часа да се цеди и да се стегне. После пет часа розовото сирење е готово. Пробајте го, многу е вкусно. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.