Сè повеќе и повеќе луѓе, а особено оние од повозрасната популација се жалат на тегоби и б олки во коленото кои ги спречуваат непречено да се движат им им го намалуваат квалитетот на живот.




Исто така, неретко се јавуваат и б олки во ‘рбетот, коските и зглобовите. За овие тегоби има еден многу ефикасен лек. Облогата од рен и компир е стар домашен лек кој бројни луѓе го користат од многу одамна.




Овој природен лек е одлично средство кое го намалува и извлекува воспалението и б олките, а покрај тоа, ја подобрува циркулацијата и ја олеснува подвижноста. Во продолжение на текстот дознајте како се приготвува и користи облогата од рен и компир.




За лековитоста на компирот било одамна познато и тој честопати се корстел во природната медицина. Така на пример, една од најчесто користените била облогата од компир. Оваа облога се користела како една од најдобрите во справувањето со отечено грло, крајници и висока температура.




Рецептот е сочуван до денешен ден и често се користи. Ваквата облога може да ја користат и деца и возрасни, а доколку се примени при првите знаци и симптоми на болеста, ќе ве спаси од непотребни трчања по болниците.




Потребни состојки: 1 компир, 2 лажици ракија, 1 апче парацетамол. Постапка: земете еден компир и излупете го. Потоа земете еден сад и изрендајте го компирот во него. Додајте ја ракијата и иситнетото во прав апче парацетамол.




Добро промешајте за да се растопат состојките и да добиете компактна, изедначена смеса. Добиената смеса распоредете ја на кујнска, памучна крпа или газа. Врзете ја крпата на грло (претходно кожата намачкајте ја со малку масло). Оставете да стои 2 часа. Потоа тргнете ја и измијте ја кожата со млака вода.




ЛЕКОВИТА ОБЛОГА ЗА КОЛЕНО – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Две супени лажици ситно изрендан свеж рен, две супени лажици изрендан свеж компир, две супени лажици мед и малку маслиново масло.




ПОСТАПКА: во течниот мед додајте го свежо изренданиот рен, а потоа и ренданиот компир. Добро промешајте со лажица додека да се изедначат состојките и да добиете хомогена смеса.




Треба да добиете полутечна кашеста мешавина. Добиената смеса е подготвена за употреба. Нанесете ја на кујнска, памучна крпа или газа, а потоа со неа врзете го коленото.




Кожата потребно е претходно да се премачка со маслиново масло за да се ублажат реакциите и загревањето. Фиксирајте со проѕирна фолија. оставете да делува еден час, а потоа облогата отстранете ја, а коленото измијте го со млака вода. За најдобри резултати користете ја облогата секој ден во текот на седум дена.

облога за колено
облога за колено од рен и компир