„Многу едноставна подготовка, а сепак колачот излегува многу вкусен и сочен. Старомоден колач, направен во два слоja кои се „испреплетени“ при печењето – за да се добие – „мраморен ефект“. Еве го рецептот од најдобриот мраморен колач за сите девојки кои ме замолија да го објавам“, презентираше Јулија.
„И за сите вас кои ја сакате комбинацијата од чоколадо и кокос – овој колач навистина има вкус на баунти чоколадната лента од нашето детство, каква што некогаш ја подготвуваа нашите баби и мајки. Готов е за помалку од 1 час. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БЕЛИОТ ДЕЛ ОД БИСКВИТОТ: 3 цели јајца, 2 кисели павлаки (360 мл), 3 мали шолји (за кафе) шеќер, 2 мали шолји масло, 3,5 мали шолји брашно, 3 мали шолји кокос, малку сол, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ТЕМНИОТ ДЕЛ ОД БИСКВИТОТ: 2 полни лажици какао во прав.
ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ФИЛ: 8 лажици шеќер (кристал) + 1 кесичка ванилин шеќер, 10 лажици млеко – или вода, јас користев млеко, 150 г мек путер/маргарин, 150 г чоколадо за готвење (јас користев со 43% какао), 2 мали шолји кокос, по вкус, можете да додадете малку арома, на пр. рум.
За подготовка на овој колач како мерка се користи чаша (мал филџан за кафе) со големина од 50-80 мл. Големина на калапот за печење: 20x30x6 см. Состојките кои се чуваат во фрижидер треба да бидат отстојани минимум 1 час на собна температура.
ПОСТАПКА: Измешајте ги сите состојки за тестото за бисквит. Во еден подлабок сад скршете ги јајцата, додајте го шеќерот и изматете ја смесата додека да згусне, а шеќерот да се растопи (5-8 мин). Потоа додајте го маслото, павлаката, па на крајот ставете ги сувите состојки, на неколку наврати.
Соединете ја смесата, додека да се формира мазна и еднолична конзистентност, без грутчиња. Поделете ја смесата на два еднакви делови, во два посебни садови. Во првиот дел од смесата не додавате ништо, а во вториот дел додајте 2 големи лажици висококвалитетно какао во прав.
Во еден плех/калап за печење колачи, премачкајте со путер и малку наросете со брашно, истурете го прво жолтиот дел, па темниот. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 190 степени, приближно 35 минути, во зависност од рерната. Кога колачот ќе се испече, проверете го со помош на чепкалка.
Додека се пече колачот, подгответе ја чоколадната глазура. Во сад се ставаат сите состојки (освен кокосот) и се ставаат на тивок оган да зоврие смесата. Потоа се трга од оган, па се додава кокосот и се враќа уште еднаш на оган, смесата да зоврие. Состојките се соединуваат во компактна смеса која може да се премачкува.
Врелите бисквити веднаш прелијте ги со топлата чоколадна глазура. Најдобро е колачот да се остави преку ноќ да се излади, бидејќи така убаво ќе се исече.
Колачот е исклучителен, секој што ќе го направи, ќе се увери колку е сочен, миризлив и мек, благодарение на павлаката во смесата со бисквити.
Морам да напоменам, наведената количина е за колач кој се пече во помал плех/ калап за торта, а за поголема мраморно торта сразмерно зголемете ги состојките. Со вашиот омилен топол пијалак, уживајте во аромата на ова прекрасно, старомодно колаче… / Сoolinarka.сom